Реклама
Рецепти

Наједноставниот рецепт за чипс од кој нема да се дебелееме

Реклама

Сакате да пробате едноставна, но здрава верзија на чипс?

Чипсот на многумина им е омилена закуска и тешко можеме да му одолееме, особено кога гледаме омилена серија или читаме добра книга. Сепак, знаеме дека е висококалоричен и полн со заситени масти и соли кои негативно влијаат на нашето здравје. Со текот на времето, достапни се поздрави верзии, како што се чипсовите од јаболка, кељ, цвекло.. но ние пронајдовме многу повкусна верзија – чипс од квиноа. За подготовка ви треба помалку од половина час, и можете да користите било каков вид на квиноа.

Маркетинг

Ставете ја квиноата во сад и исплакнете со ладна вода, потоа исушете ја со кујнска крпа и ставете ја на тава на лесен оган и тостирајте неколку минути. Вака „тостираната“ квиноа ставете ја во блендер, додајте малку вода и измешајте додека не добиете компактна смеса. Ако сакате, ставете сол, бибер, благ или лут црвен пипер, буковец, босилек, оригано… Односно по желба, поиграјте си со зачините. Исто така, можете да ја поделите смесата и да направите неколку различни вкусови со различна комбинација од зачини.

Маркетинг

Ставете хартија за печење на тавата па тестото размачкајте го во тенок слој во обликот што го сакате (не грижете се за нерамните рабови :).

 

А еве и една предлог серија за додека грицкате … ;)

 

Foto: @awhiterabbitblog

Поврзано

Back to top button