Реклама
Холивуд

Најевтиното, но и најубавото есенско издание на Кејт Мидлтон

Реклама

Кејт Мидлтон не ретко знае да ги изненади своите фанови со парчиња кои и не се така скапи.

Имено, како и сите други членови на кралските семејства, така и Кејт може да си дозволи модни парчиња кои се недостапни за „обичните“ смртнички. Но за разлика од Меган Маркл која најчесто ја гледаме само во вакви, недостапни дизајнерски изданија, Кејт често носи и парчиња кои можат да се најдат и во брендираните продавници што ги има и кај нас.

Маркетинг

Токму такво издание покажа деновиве кога се прошета низ улиците во Лондон. Таа го привлече вниманието на модните магазини поради внимателно избраните есенски бои (бургунди црвено и маслинесто зелена) кои изгледаат одлично во комбинација, а целото издание го заокружи со чанта од Шанел.

Маркетинг

Во прашање е модел со златна рачка и тока и кој секако дека има солена цена – околу 200.000 денари, но не и останатите парчиња од ова феноменално издание на војвотката. Имено останатите модели од ова издание и не се толку скапи – нејзините „килоти“ панталони се со потписот на еден од омилените брендови на војвотката, „Jigsaw“, а нивната цена е 145 евра. Во прашање е модел кој можеме да го носиме како во деловни, така и во свечени пригоди.

Џемперот пак кој ја следи линијата на убавата војвотка и кој е во бојата на црвено вино е од актуелната колекција на „Warehouse “и чини 40 евра.

Мораме да признаеме дека Кејт уште еднаш ни покажа дека е кралица во комбинирање на дизајнерски парчиња со оние од брендираните продавници, но ни покажа и уште една совршена есенска комбинација со блуска и шик панталони какви секоја жена треба да има во плакарите.

Па, дали ви се допаѓа пва издание на Кејт?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button