Реклама
Кафе муабетХороскоп

Најдобри и најлоши астро комбинации за мајки и ќерки – ќе ве изненади, само ЕДНА е идеална

Реклама

Како и кај љубовните врски, во семејните комбинации постојат двојки кои одлично функционираат заедно, но и оние кои речиси секојдневно доаѓаат до проблеми.

Лав и Водолија

Мајката Лавица е родена предводничка. Прилично сигурно ќе седи во родителскиот совет и ќе се бори за правата на своето дете. Меѓутоа, таа може да биде и многу забавна. Затоа не би било чудно својата ќерка Водолија на првиот рок концерт да ја однесе мајката, која воодушевно ќе танцува во публиката. Мајката Лавица секогаш сака се најдобро за своето дете, но не и пушта да има свој слободен простор.

Маркетинг

Лав и Риби

Лицата родени во знакот на Лав, огнен знак, бараат целосно внимание. Поради тоа Рибите се чувствуваат исплашено, зошто повеќе го сакаат својот мир. За да ги задоволат потребите на мајките и ќерките им треба многу трпение. Иако длабоко во себе чувстуваат љубов една за друга, нивниот однос е испреплетен со многу конфликти.

Маркетинг

Јарец и Скорпија

Скорпијата е префекционист. Кога станува збор за воспитување, сака се да направи како што треба и детално се подготвува за таа улога. Штом детето ќе ја здогледа светлоста на денот, мајките Скорпии чувствуваат силна љубов која целосно ги преплавува. Поради тоа на своите ќерки им простуваат и помали и поголеми грешки што тие самите не би си ги дозволиле. За Јарецот тоа е идеални мешавина на сигурност и слобода, која многу им треба.

Рак и Рак

Кога мисли на својата мајка, ќерката родена во знакот на Рак исполнета е со гордост. Имено, мајките Ракови се многу друштвени, со двете нозе цврсто стојат на земја, па со леснотија ги извршуваат своите планови. Додека тоа не делува (премногу) застрашувачки за ќерката, тогаш оваа комбинација е идеална.

Овен и Девица

Во оваа констелација се среќава огненен знак (Овен) и земјен (Девица). Додека Девицата размислува пред да дејствува и ги промислува и предностите и мааните, Овенот ќе прелета со глава во ѕид. Тоа е многу напорно, ако мајката е родена во знакот на Овен. Потребно е многу, многу, многу разговор – најдобро би било да се пронајде заедничко хоби кое ќе ги поврзе.

Овен и Стрелец

Овде во семејството се среќаваат два огнени знаци – и тоа е експлозивно колку што звучи. Двете имаат голема животна енергија и радост, па се во постојана потрага за забава и авантури. Она што во подоцнежниот период може да се развие во длабоко пријателство на мајка и ќерка, во детството може да биде преполно со изливи на бес и разминување на мислење – што двете ќе ги доведе на работ на очај.

Рак и Стрелец

Личностите родени во знакот на Стрелец имаат потреба за свој слободен простор повеќе од другите знаци. Кога некој ќе им го одземе воздухот за дишење, Стрелците стануваат немирни и се повлекуваат. Со тоа емотивниот Рак тешко може да се носи: му треба многу љубов и внимание, зошто секое поместување го сфаќа многу лично. Во таа констелација двајцата мора да се согласат да се сложуваат на компромиси за да им биде добро во тој однос.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button