Најдобриот и најшармантниот виолинист сподели ПРЕКРАСНА ВЕСТ – честитки пристигнуваат од сите страни
Важи за еден од најшармантните и најубавите виолинисти на македонската музичка сцена. Искулително паметен, добро воспитан, културен и секогаш насмеан. Неговата музика ја грее душата.
Илија Филиповски во моментов е еден од најбараните и најангажираните виолинисти о Македонија.
Со својот шарм и насмевка успева секогаш да ја освои публиката, особено женскиот пол. Тој навистина добро си ја работи својата работа, а тоа се гледа по успесите кои ги реди.
Со музичката, односно свирењето започнал уште од млад, а на малите екрани го гледаме долги години.
Скоро и не постои пејач од македонската естрада, и поп и фолк изведувач, со кој нема соработувано, па и самиот вели дека е време можеби да се поместат границите во странство.
Веќе три години Илија е дел од ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ .
Сите активности во „Танец“ се наутро, па токму затоа вели и дека е ранобудник и се навинал на тоа.
Освен со „Танец“ Илија е ангажиран и со групата „Маестро“.
Маестро е музички состав од Скопје, Македонија – кој настапува на сите видови свечености и прослави: свадби, крштевки, веридби, деловни прослави и др. Покрај македонската народна музика, групата Маестро негува и македонска, балканска и светска забавна музика и е една од ретките во Македонија кои можат да ги задоволат сите вкусови со богатиот и разновиден репертоар. Кога станува збор за интерпретирањето на македонската традиционална народна музика, четворица членови од групата Маестро: Илија Филиповски – виолина, Александар Тренкоски – кларинет, Војче Петрушев – хармоника и Трајче Ристов – ударни инструменти, се дел од оркестарот на „Зајди, зајди” под раководство на маестро Милан Завков.
Маестро на сцената е веќе 9 години, а Илија во интервју за емисијата „Магазин“ на Сител телевизија откри што е најголемиот успех на групата.
„Успех е што упеавме воопшто да се задржиме како група. Успех е тоа, тоа што сме барани, допрва очекуваме албум да издадеме со инструментална музика, допрва мислам дека ќе следи кулминацијата на групата“, кажа Илија.
Она што можеби малкумина го знаат е тоа дека тој и хармоникашот Војче Петрушев со кој заедно се дел од групата се поврзани и на друг начин, односно Илија му е кум на Војче.
Освен во Масетро и двајцата се ангажирани и во „Танец“.Освен што се пријатели, Илија и Војче дури и физички наликуваат, па велат дека луѓето и на свадби многу често ги мешаат.
Мора да се признае дека луѓе кои се постојано заедно, умеат и за ситници да се скарат. но Војче и Илија могу добро знаат да поминат и низ кагите кои ги имаат и да одржат одлична комуникација.
Велат дека најчесто се караат за доцнење. Секогаш тој што доцни е Илија, па после тоа знае да се случи и по некоја мала кавга.
„Многу е тешко да се одржи пријателство, посебно затоа што сме со многу работи поврзани. Голем предизвик е да се сочува другарството. Како пријатели ако не си ги прифатиме и маните и доблестите нема да успееме“, изјави Илија.
Освен што е најдобар во своата професија, Илија е и љубител на спортот и страствен навивач.
Многу често на својот Фејсбук профил објавите кои ги споделува се поврзани со фудбалот. Тој на својот профил сподели и фотографии со македонскиот првак Горан Пандев.
Фотографиите покажуваат всушност како Илија изгледал во 2008 година и колку се променил за 8 години.
Илија не е многу активен на сцоијалните мрежи и ретко открива работи за приватноста. Најчести фотографии на Инстаграм и Фејсбук се оние поврзани со неговата професија.
По повод роденденот на виолинистот, неговата сестра одлучи да го изненади со јавна честитка. Таа сподели и нивни заеднички фотографии, ретроспектива од детството, па сѐ до денес.
На фотографиите може да се забележи дека и сестрата на музичарот изгледа одлично. Се чини дека во себе носат одлични гени и дека убавината во нивното семејство е наследна.
Освен за музика, Илија е талентиран и за јазици. Италијанскиот го владее супер, а сега за време на карантинот започнал и со изучување на германскиот.
„Сакам јазици. Во карантинов почнав да учам германски. Сестра ми е експерт. Италијанскиот го сакам бидејќи сакам италијански фудбал, навивам за Лацио“, кажа виртуозот на виолина.
Она што деновиве го сподели на социјалните мрежи изненади многумина. Илија откри прекрасна вест. За жал на девојките, то повеќе не е најпосакуван ерген. Со своите фанови сподели дека ја запросил својата долгогодишна девојка Анастасија. Запросувањето е случило на Матка, а фотографија од запросувањето на која во прв план е вереничкиот прстен сподели на социјалните мрежи.
„Таа рече ‘да’. Те сакам Анастасија“, напиша музичарот, кој ретко објавува фотографии со девојката.
Поради вирусот Ковид 19, затворени се сите угостителски објекти и во земјава има целосна забрана за групирања и собирања и во отворен и во затворен простор.
Пејачите немаат никакви ангажмани, па слободното време мора да го пренасочат на нешто друго.
Илија откри што прават тој и останатите членови на групата Маестро во овој период кога нема свирки.
„Помина 1 година од последната свадба на која свиревме. Многу тежок период за нас во смисла дека музиката е јавна профсија и сакаме тоа што го знаеме и умееме да го презентираме во јавност. Овој период го користиме максимално за снимање во студио. Не сме излезени од студио веќе една година. Ни се погоди овој слободен период, односно короната да ја искористиме за снимање.“, кажа Илија.