Најдобрата семејна фотографија: Додека сите се на море, еве каде одмора Шекеринска со сопругот и ќерката
Македонската политичарка си ги спакува куферите и заедно со семејството замина на патување.
Шекеринска ја сподели најдобрата семејна фотографија што некој им ја направил.
Некогашната премиерка и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска на своите друштвени мрежи најчесто споделува фотографии и видеа поврзани со нејзината професија, но понекогаш знае да објави и семејни фотографии.
Таа се труди својот привстен живот многу да не го експонира во јавност, но признава дека секој слободен момент го користи да го помине со семејството.
Што се однесува до професијата, таа е доста посветена и успешна сиве овие години.
Кога станува збор за приватниот живот, таа е посветена сопруга и грижлива мајка.
Заедно со сопругот Божидар Јанковски или како што јавноста го знае Бобо Дајнерс имаат една ќерка.
Малата Ада сега е веќе девојка која сѐ повеќе наликува на тато.
Бобо и Радмила се трудат да го сочуваат својот семеен мир и хармонија далеку од очите на граѓаните.
Додека сите летото го избираат за да отпатуваат негде покрај море, Шекеринска и нејзиното семејство се одлучија за Амстердам.
Оттаму таа сподели семејна фотографија, а во опис напиша:
„Очекувано, најдобрата фотографија ни ја направи една насмеана девојка од Азија. Стереотип, ама добар”.
ФОТО: Фејсбук / Радмила Шекеринска
ФОТО: Фејсбук / Радмила Шекеринска
ФОТО: Фејсбук / Радмила Шекеринска
ФОТО: Фејсбук / Радмила Шекеринска
ФОТО: Фејсбук / Радмила Шекеринска