Најдобрата мама на светот – Карлеуша се растопи која ја прочита роденденската честитка што ја доби од своите ќерки
Пејачката Јелена Карлеуша наполни 41 година и за својот роденден доби бројни честитки и подароци од најблиските и пријателите.
Сепак, една од омилените честитки сигурни и беше онаа што ја доби од ќерките Атина и Ника, која што ја сподели на Инстаграм
„Драга мамо, среќен роденден ти посакуваат Атина и Ника. Те сакаме многу, ти благодариме што си најдобрата мама на светот“, напишаа девојчињата.
Еве како изгледаше тоа:
Инаку, Карлеуша не сакаше да прави журка за својот 41 роденден, бидејќи, како што самата вели, се уште трпи болка што најсаканото суштество не е со неа (алудирајќи тука на нејзината мајка Дивна Карлеуша).
Но таа имаше настап во Врњачка Бања каде што ја дочека изненадување на какво не се надеваше ни во сон.
Имено, публиката го скандираше нејзиното име и ја запеа роденденската песна додека таа беше на сцената, а Јелена само ја спушти главата и пред масата покажа колку е благодарна на подарокот, и тоа со солзи на очите.