Еден од најпознатите турски актери Бурак Озчивит (39) со улогата на Бали-бег во „Сулејман Величествениот“ ги освои срцата на сите.
Тој од тогаш стана миленик посебно кај женската публика секаде каде што се емитуваше популарната серија, а во Турција со оваа улога стана еден од најпознатите и најбараните актери.
Бурак и денес привлекува внимание каде и да се појави, а сериите во кои што глуми се уште важат за едни од најгледаните.
Инстаграм/ Бурак Озчивит
Тој привлекува внимание и на социјалните мрежи, но она што дамите веднаш го забележуваат кога ќе ги видат неговите најнови фотографии, е тоа дека шармантниот актер повеќе ни од далеку не личи на оној фраер од времето кога се прослави, иако според многумина, тој и сега е подеднакво симпатичен.
Инстаграм/ Бурак Озчивит
Имено, од фотографиите што ги споделува, а на кои често е со неговата сопруга Фахрие Евџан (37), која е исто така актерка и која како воопшто да не се променила и покрај тоа што стана мајка на две деца, фановите на Бали-бег веднаш ги забележуваат промените кај него.
Инстаграм/ Бурак Озчивит
Имено, тој сега има брада и коса, а најверојатно има и неколку килограми плус, но сето ова како да не влијае на неговиот шарм.
Инстаграм/ Бурак Озчивит
Тој и денес им ги плени срцата на жените ширум светот, посебно што покажа дека е грижлив татко и сопруг каков секоја дама би посакала.
Инстаграм/ Бурак Озчивит
Тој и неговата љубов Фахрие се запознаа во 2013 година, а веќе во 2017 направија свадба за која и денес се зборува.
Инстаграм/ Бурак Озчивит
Се запознаа на снимањето на една серија, па набргу и нивната љубовна приказна стана како на филм, посебно откако им се родија синовите Каран и Карем, а популарните актери станаа родители.
Инстаграм/ Бурак Озчивит
Тие не кријат дека уживаат во новата улога во животот, иако досега многу пати се пишуваше дека имаат сериозни проблеми во бракот.
Инстаграм/ Бурак Озчивит
Но Бурак и неговата понежна половина и мајка на неговите деца овие гласини секогаш ги демантираа со заеднички фотографии на социјалните мрежи од кои можеме да видиме дел од нивното секојдневие кое потсетува на некој романтичен филм испреплетен со сцени полни со љубов, но и живот како во соништата.
Инстаграм/ Бурак Озчивит
Па која дама не би посакала еден ваков фраер покрај себе, нели?