Најголемата македонска „Гранд ѕвезда“ позираше со саканата пред ЛУКСУЗНАТА КУЌА – ваков дом секој би посакал (фото)
Кариерата на Александар Јосифовски по учеството во „Ѕвездите на Гранд“ каде заврши на второто место, значително се промени.
Тој неодамна се врати од успешната турнеја во Америка каде што настапуваше заедно со фолк дивата Лепа Брена.
По враќањето во родниот Охрид тој реши да го искористи слободното време и да го уреди својот дом во Охрид.
Тој заедно со своето семејство ја украси куќата во која што живеат така што сега изгледа како оние од бајките или од американските филмови. Целиот простор е украсен со сијалички што трепкаат во сите бои, а тука е и Дедо Мраз во средината на дворот, како и ирвасите, елките, пакетчињата и сите останати украси кои допринесуваат за преубавата новогодишна атмосфера.
Познатиот македонски пејачи претходно има покажано како изгледа неговиот дом покрај Охридското Езеро.
По учеството во „Ѕвездите на Гранд“ неговата цена за настапи поприлично скокна, така што Јосифовски сега убаво заработува од музика, а кога е неговиот дом во прашање во кој што живее заедно со сопругата, тој не штеди.
Впрочем тоа можеме да го видиме и од следниве фотографии на кои се гледа дека Јосифовски со љубов го средиле целото место.
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски