Најголемата македонска Гранд ѕвезда има сопруга која е вонсериска убавица што остава без здив (фото)
За нивната венчавка и голема свадба се уште се зборува
Младиот и шармантниот пејач Ален Хасановиќ својата голема музичка кариера ја започна во „Ѕвездите на Гранд“.
Тој денес важи за еден од најпознатите пејачи од нашата земја чии песни се хитови и во соседството, а многу претставнички на понежниот пол се интересираат и за неговиот приватен живот.
Но срцето на Ален припаѓа на една убавица со која тој веќе некое време е во среќен брак и која ќе ве освои на прв поглед.
Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Имено, Ален ги изненади сите кога прв пат во емисијата „Гранд магазин“ откри дека наскоро планира да се жени.
Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Оваа вест тогаш беше како гром од ведро небо, затоа што до тогаш оние што го следат не знаеја ниту дека е во врска.
Но Ален тогаш откри дека на љубовен план е исполнет, а по неколку месеци се случи и венчавката за која и денес се зборува.
Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Ален како богат шеик кој би дал сé за својата Лејла
Имено, Ален и неговата сакана Аида Чако која е вонсериска убавица што можете да видите и од фотографиите, најпрво направија венчавка според шеријатските обичаи, а потоа и раскошна свадба со голем број гости и многу Гранд ѕвезди.
Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Аида има 30 години и изгледа како холивудските диви, а под секоја нејзина објава на Инстаграм добива голем број комплименти.
Инстаграм/ Аида Чако
Покрај својот неодолив шарм, таа плени и со модните комбинации што ги носи, а Ален секогаш блеска од среќа кога е покрај неа.
Инстаграм/ Аида Чако
Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Впрочем за тоа зборуваат и овие нивни фотографии, нели?