Најважните жени во животот на пејачот Дарио Панковски – грациозни дами со стил, ќе се воодушевите
Овие две жени се неговата најголема поддршка во животот.
Секогаш средени од глава до пети, сопругата и ќерката на Дарио е дами со стил.
Дарио Панковски ја започна својата кариера во далечната 1980 година како дел од њу-вејв музичка група Бон-Тон.
ФОТО: Фејсбук / Дарио Панковски
Во 1992 година била формирена групата Дарио и Миг-21. Истата година бил издаден нивниот прв албум насловен како „Бактерија“. Од овој албум најголеми хитови станале песните: „Ладна како камен“, „Косоока“ и „Викни ме на чај“.
Денес Дарио има успешна соло кариера и хитови кои ги знае и помладата публика.
ФОТО: Фејсбук / Дарио Панковски
Неговите „Дупла вотка“, „Здравје Боже“, „Дај да заспијам“, се песните кои ја одбележаа неговата кариера.
Најголема поддршка сето ова време му е неговото семејство.
ФОТО: Фејсбук / Дарио Панковски
Долги години во брачните води плови со неговата Бојана.
Бојана е родена во Ниш, а во 80-те дошла во Македонија на студии.
ФОТО: Фејсбук / Дарио Панковски
Иако во тоа време Дарио веќе бил ѕвезда и кршел женски срца, клучот од неговото срце го имала само Бојана.
Плод на нивата љубов се нивните две деца Андреа и Бруно.
ФОТО: Фејсбук / Дарио Панковски
Дарио вели дека нема тајна за успешно семејство. Сѐ се сведува на компормис, разбирање и кон децата и кон сопругата.
Според фотографиите кои семејството ги споделува на социјалните мрежи може да се заклучи дека Андреа дефинитивно ја наследила убавината на мама.
ФОТО: Фејсбук / Дарио Панковски
Двете се средени од глава до пети во секоја прилика, вистински дами со стил.
Погледнете: