Реклама
Новости

Најбогатата пејачка на Балканот – нема да ви се верува колку заработува годишно, и тоа не само од музика

Таа е една од најуспешните пејачки во регионот

Реклама

Вкупниот приход на нејзината фирма за 2022 година беше нешто над половина милион евра, цифра која не е за потценување

Хрватската пејачка Маја Шупут имаше поприлично успешна 2022 година, а нејзините фирми и донесоа голема заработка.

Имено, нејзините две фирми вкупно остварија промет од околу 800.000 евра, така што вкупниот приход за 2022 година изнесува неверојатни 518.312 евра, а деловниот субјект остварил нето добивка од 241.969 евра, пренесува хрватскиот портал „Индекс“.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Една од нејзините фирми е „Морска дива“ која има само еден вработен, а Маја преку оваа фирма ја води својата музичка кариера.

Покрај оваа фирма Маја ја има и „Мајушка“, фирмата која што се занимава со продажба на нејзината козметичка линија.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Познатата пејачка во оваа фирма е косопственичка со сопругот Ненад Татаринов и минатата година остварија промет од околу 275.000 евра, додека фирмата остварила добивка од 30.000 евра, пишува гореспоменатиот хрватски портал.

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Инаку, познато е и дека нивниот син, малиот Блум Татаринов, одлично се снаоѓа пред камери и дека Маја инспирирана од него и неговата фотогеничност има создадено колекција за деца. Пејачката потоа создаде и детска козметика составена од шампон и купка во едно, лосион за тело, универзална крема и паста за нега на првите запчиња.

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Во прашање е „Shù Shù baby & kids“ колекцијата со која Маја исто така имаше добра заработка.

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Фото: Инстаграм/ Маја Шупут

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button