Најбогатата пејачка на Балканот го покажа луксузот во кој живее, но и овој детаљ од 30 сантиметри!
Една работа од нејзиниот гардеробер е опасна по живот
Обожава живот на висока нога…
Пејачката Диди Ј чие вистинско име е Дијана Јанковиќ ги отвори вратите од својот дом и покажа луксуз каков ретко се гледа.
Веќе и врапчињата на гранките знаат дека Диди обожава луксуз и живот на висока нога, а сега е познато и како изгледа нејзиниот дом.
Станува збор за луксузна вила во белградската населба Врачара во која само гардероберот вреди како еден луксузен стан.
Принтскрин/ Пинк
Имено, во нејзиниот гардеробер се наоѓаат голем број модни парчиња вредни и по неколку илјади евра, а некои од нив вредат и многу повеќе. Таков е на пример фустанот што таа го носеше на доделувањето на Греми наградите за кој вели дека ќе го стави во рамка целосно направена од стакло бидејќи ѝ го променил животот, но и голем број штикли од најскапите брендови што ги поседува.
Инстаграм/ Диди Ј
Пејачката има дури и еден шар штикли поголеми од 30 сантиметри во кои се имаат сликано и најголемите светски ѕвезди.
Принтскрин/ Пинк
Како сиот овој луксуз изгледа, но и неколку фотки од Инстаграмот на оваа пејачка која има преку 4 милион следбеници, погледнете во галеријата…