Наши ѕвезди

Нашите пејачи направија лом во „Ѕвездите на Гранд“, НО РАСТУРИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ СО СВОИТЕ ПОРАКИ

Победија, но благодарение на вас, драга публико!

Advertisement

Пејачите од Македонија растурија

Во спектакуларното финале на „Ѕвездите на Гранд“, се бореа тројца кандидати од Македонија – Мики, Андријана и Мелиса.

Advertisement

Тие заедно со уште 17 кандидати од регионот учествуваа во големото финале од најгледаното музичко шоу на Балканот во кое победникот се избираше исклучиво преку СМС гласови на гледачите.

И како што сега откриваат од продукцијата, ова шоу не само што било најгледано, туку финалето ги срушило сите рекорди.

Advertisement
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Како што објави „Гранд.онлајн“, во текот на финалната вечер пристигнале 529.636 гласови од кои најмногу од Босна и Македонија.

Инстаграм

Од Македонија за тројцата кандидати гласале вкупно 198.507 гласови, додека од Босна и Херцеговина – 252.465 гласови.

Најмалку гласови имаше од Србија, Хрватска и Црна Гора.

Инстаграм

Од овие гласови на публиката најмногу доби Шејла Зониќ која триумфираше и е прогласена за победничка.

Таа во финалето освои вкупно 132.047 гласови од публиката од кои најмногу пристигнале од Босна и Херцеговина.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Второто, вицешампионско место го освои Мики Секуловски од Македонија кој во финалето освои вкупно 102.103 гласови.

Третото место го освои Андријана Петрушовска која вкупно доби 71.875 гласови, додека третата кандидатка од Македонија, Мелиса Зијадиќ го освои високото петто место со вкупно освоени 31.955 гласови.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Едно место пред Мелиса беше Антонија Черкез, додека шестото место го освои Џула Дрини, и двете од Босна и Херцеговина.

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Прво огласување на Мики по неверојатното финале

Мики Секуловски кој го освои високото второ место не крие дека е презадоволен од резултатот, но и дека не очекувал гледачите во толкав број да гласаат за него. затоа тој најпрво им се заблагодари на сите што го поддржуваа како за време на натпреварот, така и во финалето кога масовно гласаа за него, ветувајќи дека наскоро ќе им се одолжи на своите фанови со некој нов проект.

Пејачот исто така во интервју за „Гранд.онлајн“ зборуваше искрено и за Шејла која исто така беше во тимот на Цеца Ражнатовиќ.

Инстаграм

Навистина ми е драго за Шејла затоа што беше еден од најдобрите, ако не и најдобриот вокал во овој натпревар, но и што беше од мојот тим“, изјави Секуловски за „Гранд.онлајн“.

Инстаграм

Тој потоа откри и дали зборувал со Цеца и дали ќе ја продолжи соработката со неа, истакнувајќи дека навистина би бил пресреќен доколку во иднина се случи било каква соработка со неа.

Инстаграм

„Можеби ќе се случи и некој дует со Цеца и мене, и навистина ми е драго доколку се направи нешто со моето пеење, кое е поп-рок, и нејзиното пеење. И доколку таа прифати, навистина ќе ми биде драго“, вели Секуловски пред камерите на „Гранд.онлајн“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button