Нашиот познат фолк пејач имаше убава причина за славење – честитки пристигнуваат од сите страни, а таа беше највесела
Македонскиот пејач и неговата сопруга покажаа како се слави кога за тоа се има добра причина.
Марјан Коцев долги години постои на македонската музичка сцена, а неговите хитови ги знаат и стари и млади. Кога ќе се слушнат „Ти, само ти“, „Бекрија љубовџија“ нема човек што истанува рамнодушен и веднаш сите се на нозе.
Марјан е доста активен на социјалните мрежи и отворено го покажува своето семејство.
Тој е скоро 11 години во брак со сопругата Билјана.
Она што досега го има откриено за медиумите е тоа дека се запознале на една свадба каде што пеел пејачот и по една година стапиле во брак.
-Јас бев беќар до 34 година. Откако ја запознав Билјана веќе животот тргна во друг правец. Јас бев подготвен уште веднаш на тоа и знаев што ме чека. Биљана уште на почетокот ја разбра мојата професија, мојата работа, моето отсуство и до сега сме немале проблем околу мојата професија, околу моите отсуства.
Ниеден брак не е совршен , па ни нашиот. Има падови, има и успеси. Има се. Но, и за секој проблем има решение. Седнуваме и разговараме за проблемот, за ситницата, за арно или за лошо. Со разговор се се решава, изјави пејачот во интервју.
На 17 јули 2010 години парот тие стапнале на „лудиот камен“, а судејќи според фотиграфиите на социјалните мрежи, љубовта им цвета до ден денес. Секогаш изгледаат вљубено како првиот ден.
Плод на нивната љубов се нивните две деца, ќерката Дуња и синот Данило.
На својот Инстаграм профил Марјан се пофали со фотографии преку кои соопшти дека има убава причина за славење.
Неговата Билјана славеше роденден.
Парот одлучи роденденот да го продлави во кафеана заедно со најблиските пријатели.
Весела атмосфера и распеани лица, а најсреќна беше Билјана.
Како што напиша Марјан таа се фатила и за микрофон и запеала.
„Невестата ми пее за нејзиниот 40-ти роденден!!! Среќен роденден женче“, стои во опис на фотографиите.
ФОТО: Фејсбук / Марјан Коцев
ФОТО: Фејсбук / Марјан Коцев
ФОТО: Фејсбук / Марјан Коцев
ФОТО: Фејсбук / Марјан Коцев
ФОТО: Фејсбук / Марјан Коцев
ФОТО: Фејсбук / Марјан Коцев
ФОТО: Фејсбук / Марјан Коцев
ФОТО: Фејсбук / Марјан Коцев
ФОТО: Фејсбук / Марјан Коцев
ФОТО: Фејсбук / Марјан Коцев
ФОТО: Фејсбук / Марјан Коцев
ФОТО: Фејсбук / Марјан Коцев
ФОТО: Фејсбук / Марјан Коцев
ФОТО: Фејсбук / Марјан Коцев