Нашиот познат фолк пејач е вистински македонски домаќин – Ѓоко ја ВООДУШЕВИ нацијата, прави ајвар на старински начин!

Познатиот фолк-пејач Ѓоко Јовиќ нема проблем да ги засука ракавите и да се фати за работа!

Откри дека е вистински домаќин, односно дека е главен готвач додека во неговиот семеен дом се подготвува зимница.
Неговата сопруга со гордост објави како тој заедно со неа и децата прави ајвар во дворот во нивната куќа.
И откако пиперките беа излупени и измелени, тој како глава на семејството, не дозволи никој друг да меша во тенџерето.

Фотографија објави и самиот на Инстаграм, воодушевувајќи ги своите фанови со тоа што ја покажа и оваа негова страна.

Тој не крие дека не ги избегнува домаќинските обврски, покажувајќи дека секој што сака да јаде ајвар, мора и да помага во правењето.

Секако дека така ајварот е највкусен, а посебно кога ќе биде направен според рецептот на еден ваков талент.

Пејачот никогаш не криел дека најубаво му е кога е дома со семејството и дека секогаш се радува кога се враќа дома.

Бидејќи често патува и надвор од земјата, заради своите настапи, најмногу ужива во токму ваквите моменти.

А колку е среќен и исполнет, може да се забележи и од неговите фотографии на социјалните мрежи.

Некои од нив погледнете во продолжение:
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
Фото: Фејсбук/ Ѓоко Јовиќ
