Нашиот познат пејач помина низ голгота кога му го открија КАНЦЕРОТ, но со Божја помош ја доби и оваа битка
По тешкиот период го огреа сонце, и тоа не било какво...
Пејачот Јордан Митев во една пригода отворено зборуваше за тешкиот период низ кој поминуваше кога дозна за неговата болест.
Откако минатата година ги изненади своите верни обожаватели со веста дека ќе се оствари во улога на татко, која што во текот на летото ексклузивно ја соопшти за Гламур магазин (потсетете се тука) пејачот Јордан Митев денес ужива со сопругата и нивната ќеркичка во семејниот дом во радовишкото село Подареш.
Тој не крие дека ужива во родителските води и дека посебно е среќен што неговото прво дете е девојче, а како што самиот откри за Гламур, тој одлично се снаоѓа и секогаш кога може и помага на сопругата.
Фејсбук/ Јордан Митев
Мислам дека одлично се снаоѓам и ќе се снаоѓам и во родителските води поради повеќе причини, а најголемите две причини се – нашата ќерка е плод на љубов и е долго очекувана, 6 години; и другата причина е што јас сум навикнат да функционирам, да живеам и да се грижам за семејство, иако немав до сега деца“, изјави тогаш Митев додавајќи го и следново.
Маркетинг
„Да живее живот кој бил само за себе, па дури во екстремна ситуација не спремен да се грижи ниту за себе а има многу такви примери, тогаш родителската состојба ќе била претпоставувам бреме, но сега, сега мојот живот е поубав, комплетно исполнет и реализиран на сите полиња. Се надевам така ќе остане и во иднина“, изјави тој.
Фејсбук/ Јордан Митев
Потсетуваме, Јордан Митев само неколку години претходно ја водеше една од најтешките битки во неговиот живот.
Фејсбук/ Јордан Митев
Имено, додека траеше пандемијата предизвикана од вирусот корона, Јордан поминуваше низ вистински пекол.
На пејачот тогаш му беше дијагностициран опасен канцер, заради што мораше да се оперира.
Фејсбук/ Јордан Митев
По операцијата, како што вели самиот пејач, направил повеќе испитување кај нас, но и надвор од земјата, по што е утврдено дека боледува од ретко автоимуно заболување (пенфигус вулгарис).
Со овој проблем може да се живее доколку се стави под контрола, за разлика од првичната дијагноза кога поминувал низ вистински пекол.
Фејсбук/ Јордан Митев
Но Јордан успева да ја добие оваа битка, како што вели самиот, со Божја помош, а сега покрај себе го има и најсилниот мелем што постои. Станува збор за неговата ќеркичка Кристина, која секогаш кога ќе ја земе во рацете, му дава позитивна енергија од која татковците се топат.
„Тоа е едно неописливо чувство, момент на измешани емоции кога во раце држете една душичка која е создадена од вас. Фала му на Бога. Бидејќи знаете, во денешно време и со стресниот живот кој сите го живееме и проширувањето на семејството прераснува во проблем кај многу луѓе од нашата генерација“.
Принтксирн/ Јутјуб
„Посебно сум некако среќен што е ќерка – зошто не знам, но сакав првото да е ќерка“, вели Јордан откривајќи што си помислил тогаш и што почувствувал кога прв пат го земал своето чедо во рацете.
Целото интервју со Јордан Митев прочитајте го тука >>