Нашиот познат пејач повторно ќе стане татко? Објави фотографија од бремената сопруга, па го откри и полот на бебето (фото)
Кон крајот на месец мај правеше мала свадбена веселба, а сега сподели уште една вест со која ги израдува сите
Му пристигнуваат честитки, тие не ја кријат среќата
Пејачот Даниел Кајмакоски објави неколку фотографии на кои е со сопругата Марина и нивниот син Стефан.
На фотографиите што некогашниот победник во „Икс фактор“ ги објави на својот профил на Инстаграм се гледа и трудничкото стомаче на Марина, а пејачот под истите го напиша следниот коментар.
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
„Како Струга нема друга, ама без Вевчани ништо не прајме“, напиша Даниел, а потоа ги додаде и хаштаговите „Убавините на Македонија“, но и „itsagril“,откривајќи им на своите фанови дека сопругата носи женско дете.
Маркетинг
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Потсетуваме, Кајмакоски се прослави со победата во Икс фактор каде што ментор му беше Жељко Јоксимовиќ.
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
По победата тие објавија и една заедничка песна, „Скопје или Белград“, а Даниел победи и во шоуто Твоето лице звучи познато.
Инстаграм/ Стамевски, Мој слаткиш
Тортата од интимната свадбена веселба на Кајмакоски на која има розова бебешка количка – пејачот уште тогаш го најави доаѓањето на уште едно бебенце во нивното семејство.
Инстаграм/ Даниел Кајмакоски
Пејачот тогаш ги изненади сите кога заедно со пејачката Ивана Петерс решија да ги добираат парите од наградата во хумани цели.
Тие сите пари му ги подарија на едно мало дете кое се бореше со тешка болест, а Даниел во една пригода откри дека на ваков чекор се одлучил затоа што семејството на детето го потсетило на тешкиот живот на неговата мајка што таа го имала во своето детство.
Повеќе за ова прочитајте тука…