Нашиот познат пејач направи лом во Австралија – ечат македонски песни, цела сала ја крена на нозе
Иако важи за еден од најпознатите фолк-пејачи, Спасен е скромен човек и секогаш пријателски расположен со сите...
Пејачот овој викенд работеше со полна пареа
Познатиот фолк пејач Спасен Силјаноски овој викенд беше во Австралија каде имаше настап по повод празникот на ВМРО.
Тој на социјалните мрежи објави снимка со која покажа дел од атмосферата што ја направи и ги воодушеви сите.
Од снимката можеме да видиме како нашите иселеници во оваа земја играат и се веселат додека Спасен ги забавува со микрофонот.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, ВМРО-ДПМНЕ Мелбурн
Пејачот е познат по тоа што на неговите настапи никој не седи, а така беше и овој пат, кога цела сала беше на нозе
Како изгледаше еден мал дел од атмосферата на овој негов настап погледнете во продолжение…
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, ВМРО-ДПМНЕ Мелбурн
Инаку, Спасен цело лето беше презафатен со настапи, посебно откако неговата песна „Ќе ти дојдам вечер“ стана хит на социјалните мрежи.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, ВМРО-ДПМНЕ Мелбурн
Како што самиот изјави во една прилика, оваа песна навистина му ја зголемила популарноста, но и покрај тоа што важи за еден од најпознатите фолк пејачи во Македонија, тој воопшто не се чувствува славен.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, ВМРО-ДПМНЕ Мелбурн
Морам да признам дека ми ја промени кариерата, но животот не може да ми го промени, јас останав истиот без разлика кое ниво на популарност сум го достигнал или ќе го достигнам, јас сум Спасен Силјановски обичен човек, нормален човек, човек со народот. Не се сметам за екстра популарен ниту сакам да ме нарекуваат ѕвезда. Во Македонија нема простор да се правите ѕвезди. Ние имаме малку консументи на македонска народна фолк музика, сите се знаеме, се гледаме по настапи. Човек со сила да се прави ѕвезда и да лета во облаци не е добро без разлика на моменталната ситуација и моменталната популарност, секој треба да остане присебен и достоен изведувач, изјави во една пригода Спасен за Гламур магазин.
Целото интервју со Спасен прочитајте го тука…