Нашиот познат пејач ги покажа ќеркичката и сопругата – фотографија што на сите ќе им го разубави денот
Пејачот блеска кога го прави ова
Познатиот фолк-пејач Јордан Митев ретко споделува моменти од својот приватен живот, па затоа оваа фотографија и сите ги изненади.
Од неа може да видиме како пејачот и неговата сопруга Славица уживаат додека ја држат во прегратки нивната мала ќеркичка.
Нивната фотографија веднаш ги разнежни сите, а Јордан очигледно е пресреќен и блеска додека ја бакнува својата наследничка.
Фејсбук/ Јордан Митев
Фотографијата веднаш ги разнежни сите, а пејачот и неговата понежна половина никогаш не изгледале посреќно.
Фејсбук/ Јордан Митев
И како што самиот Јордан откри неодамна во интервју за Гламур, тој ужива во родителството и во својата нова улога.
„Господ ни подари прекрасна ќерка… Уживам во родителството, тоа е едно посебно чувство посебно кога ќе го доживеете на зрели години, спремен за таа улога во животот. Апсолутно сум посветен на ќерка ми и уживам во тоа да ја гледам како ден по ден напредува и ни подарува насмевки и позитивна енергија на цело семејство“, изјави Јордан за Гламур.
Фејсбук/ Јордан Митев
Тој неодамна специјално за Гламур откри и дека наскоро треба да излезе новата песна која е посветена на неговата ќерка.
Некаде во првата половина од месец Октомври мојата публика ќе има прилика да ја слушне новата песна а која ќе снимам исто така и видео запис, откри Јордан неодамна за Гламур.
Фејсбук/ Јордан Митев
Потсетуваме, Јордан Митев е една од ретките естрадни ѕвезди кои својата кариера ја немаат изградено на скандали, туку исклучиво со својот талент. На нашата музичка сцена е присутен речиси две децении, а многу негови песни се големи хитови кај нас.
Фејсбук/ Јордан Митев
Целото интервју со Јордан прочитајте го тука…