Нашиот познат актер сподели тажна вест – неговата ЕМОТИВНА ПОРАКА ги растажи бројните фанови
Неговата објава растажи многумина
![](/wp-content/uploads/2024/06/mihajlovski-780x470.jpg)
Тажен ден за семејството на Михајловски
Македонскиот актер Тони Михајловски се огласи со емотивна порака на социјалните мрежи по повод загубата на неговиот татко.
„Почивај во мир Татко. Мирен и светол пат. Господ нека ти ги прости гревовите и нека те прими во царството небесно“, напиша Тони, а потоа сподели информации и во врска со погребот.
Фејсбук/ Тони Михајловски
Погребот е утре во 13ч на градските гробишта во Куманово, напиша Тони и ја замени профилната слика со црна позадина.
Потсетуваме, Тони Михајловски (1967) кој важи за еден од нашите најпознати театарски и филмски актери, оваа година ќе ја памти по загубата на својот татко, но и по неколкуте награди што ги доби во изминатиов период. Тој во март ја доби театарската награда за животно дело Петре Прличко за 2024.
Фејсбук/ Тони Михајловски
Покрај оваа награда, на Тони пред само неколку дена му беше доделена и почесната награда на филмската ревија Златна рамка која беше доделена на тројца истакнати филмски професионалци од македонската филмска индустрија. Покрај Михајловски, оваа награда годинава ја добија и продуцентот Владимир Анастасов – Вац и Марина Колоска, истакната филмска работничка.
Фејсбук/ Тони Михајловски
Тони е татко на актерот Александар Михајловски, а е во брак со Александра Јорева Михајловски со која го има синот Максим.