Нашиот познат актер има нов член во семејството – се сликаше со „новороденчето“ и ги изненади сите на социјалните мрежи!
Легендарниот македонски актер што за него претставува ceдатив во тешките моменти.
Лазар Бараков е ликот со кој пораснаа многу генерации, обожавачи на Македонските народни приказни.
Работата со неговите колеги како што се Ванчо Петрушевски, Шенка и Ѓорѓи Колозов, Анче Џамбазова, Гоце Тодоровски, е нешто што засекогаш ќе му биде врежано во меморијата и ќе му буди убави спомени.
„Колозов беше двигател, Петрушевски, Тодоровски, Шенка, тие се великани. Јас како помлад член на таа екипа, сите шеги, сите вицеви беа на моја сметка. Како најскржав, како поглуп, и улогите ми ги даваа такви“, кажа Бараков.
Иако ја гази седмата деценија од животот, се уште активно работи и тоа е нешто што го одржува неговиот дух.
Најубаво поминато време за него е времето поминато со неговата, сопруга, децата и внукот.
Доста е активен на социјалните мрежи, каде често знае да сподели и семејни фотографии.
Тој и неговата сопруга Лилјана имаат три деца: Македонка, Викторија и Александар.
Малкумина знаат, но неговите деца исто така имаа актерски улоги уште како мали, но сепак не тргнаа по стапките на тато.
Денес тие му се најголема поддршка и придружба каде и да оди.
Фотографиите објавени на Фејсбук профилот на актерот покажуваат дека станува збор за семејство кое секој момент се труди да биде заедно. Каде и да се, тие секогаш наоѓаат време едни за други.
Минатата година беше една од најсреќните во семејството Бараков затоа што го добија вукот Стефан.
Бараков самиот одлета во Германија за да го види својот внук, а оваа година неговата ќерка Македонка со своето семејство дојде во посета на родната Македонија.
Бараков секогаш со гордфост зборува за своите деца, па така на Фејсбук се пофали и со успехот кој го постигна неговата друга ќерка, Викторија
„Ќерка ми Викториа Баракова, како првоодделенка , беше дел во некои од приказните со Колозов – незаборавните… Фала му на Бога, не тргна по татковиот трнлив пат… одбра друга Уметност – Архитектурата. Сè што се работи со љубов и душа е Уметност. Животот е уметност…“, напиша Бараков на Фејсбук.
Баракови се големи љубители на животните, а имаат и домашни миленичиња.
За актерот токму мачките претставуваат лeк во тешките моменти.
На Фејсбук сподели фотографија од себеси на која во рацете држи новородено маче, па напиша:
„Ceдативи НЕ !…Еден од моите јаки ceдативи…“
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков
Фото: Фејсбук / Лазар Бараков