Реклама
Наши ѕвезди

Нашиот пејач доживеа страшна трагедија – скршен од преголема болка, но нема да ја изневери публиката

Поце од „Меморија“ концертот во Штип го посветува на својата сопруга која неодамна почина

Реклама

Познатиот вокалист на групата „Меморија“, Апостол Поце Икономов (59) неодамна доживеа голема трагедија.

Имено неговата сопруга и животна сопатничка Вики Икономова почина пред две недели, на 56 годишна возраст.

Вики десет години се бореше со тумор на мозокот, а Поце заедно со нивните две ќерки цело време беше покрај неа.

Маркетинг

Како што самиот истакна во една пригода, неговиот живот потполно се променил откако ја дознале дијагнозата на сопругата.

Маркетинг

Тоа се случило во 2014 година, а за несреќата да биде уште поголема, во тој период останал и без работа, така што живееле само од примањата на неговата болна сопруга. Со две малолетни деца, а ситуацијата од ден на ден станувала се полоша и полоша.

И во овие најтешки моменти од животот, секој нов настап во изминатите години со „Меморија“ тој го доживуваше како еден вид враќање во живот. Поце, едноставно отсекогаш живеел за музиката и целиот свој живот го посвети на неа, а како што самиот истакна во неговото интервју за „Фокус“, новиот концерт што ќе се случи во Штип на 1 јуни годинава го посветува на жената која му беше најголема поддршка за сето ова време, која да беше жива ќе се гордееше и ќе беше најсреќна што својот сакан повторно го гледа на големата сцена.

Концертот ќе се случи на 1 јуни, односно во сабота, во Штип, и како што вели Поце истиот ќе биде посветен на неговата сопруга.

„Таа ќе биде со мене и таму, на сцената, присутна во секој отпеа стих“, вели познатиот музичар за Фокус.

Потсетуваме групата „Меморија“ по цели 30 години неодамна се врати со нова песна „За тебе“ која ќе биде дел од новиот албум.

Концерт што ќе се памети

Новиот албум се очекува да излезе некаде кон крајот на годината, а следниот сингл треба да излезе во јуни и ќе биде дует на Апостол Икономов и Ристо Самарџиев, кој исто така беше дел од „Меморија“.

Групата Меморија е основана во далечната 1984 година, како бенд кој свирел поп-рок музика, а основачи се гитаристот Душан Трпковски – Ринго и басистот Петар Георгиевски- Камиказа.

Тие по 40 години од оформувањето оваа година повторно ќе организираат голем концерт во Дом на млади во Штип, а како што стои на Фејсбук страницата на бендот, концертот ќе се снима со 11 камери и ќе биде со најдоброто озвучување на Балканот.

„Споделете со сите што знаете дека ќе бидат на концертот. Да направиме концертна снимка за паметење“, пишува во објавата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button