Нашиот омилен пејач добива смртни закани!

Македонскиот пејач со магичен глас Ламбе Алабаковски денеска наместо да ја израдува својата публика со нова песна или дружба, тој денот го потроши на судење во битолскиот суд.
Алабаковски на суд беше повикан како сведок на Обвинителството во судскиот процес против Љупчо Георгиевски, поранешен претседател на згаснатиот бугарски клуб.
Тој е обвинет дека предизвикувал омраза и дискриминација кон македонскиот народ и придобивките од Народно ослободителната борба.

Фото: Фејсбук
На сведочењето Алабаковски рече дека откако се случило опожарувањето на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ постојано добивал закани преку пораки на социјалните мрежи.
Алабаковски во судницата влезе облечен со маица со македонското знаме, а обвинетиот Ѓоргиевски претходно, како што јавуваат македонските дописници од Битола носел маица со ликот на Михајлов.

Фото: Фејсбук
„Имаше закани и навреди и ден денес има. Најчесто се, по мое мислење, од бугарски граѓани и луѓе кои живеат тука, а се чувствуваат како Бугари или од измислени ботови на Фејсбук и Инстаграм, кои најчесто ги добивам во директна порака со смртна закана кон мене и кон моето семејство“, рече Алабаковски, пренесува СДК.

Тој на судењето даде исказ и за причините кои го поттикнале да го запали бугарскиот клуб додавајќи дека тој го признал делото за што имало и пресуда во процесот.
„Во срцето на Македонија, во Битола не смее да има таков клуб со име на докажан фашист како што е Ванчо Михајлов“, сведочеше Алабаковски.

На овој исказ реагираше бранителот на обвинетиот Ѓоргиевски кој рече дека сведокот е недоличен, го нарече пироман што го опожарил клубот во Битола.
Инаку, Алабаковски со години живееше во САД, со семејството, односно сопругата Магдалена и двата сина. Сепак, тој реши да се врати во Македонија и јa израдува македонската публика.

„ Одлучивме да се вратиме повторно дома, заедно со целото семејство. По 7 години пауза и еден убав ресет, би сакал да продолжам со музиката бидејќи тоа ми е талентот од Бога.
Во план се некои песни и видеа кои се надевам дека ќе се остварат до крајот на оваа година“, изјави Алабаковски по враќањето во Македонија.





