Реклама
FashionСтил

Нашиот МИНИСТЕР има стил – има и од политичарите кои се разбираат од мода…

Реклама

И не е дека само жените политичарки се „на тапет“ кога се работи за тоа како се облечени на нивните јавни појавувања и мажите не остануваат незабележани. Можеби некој ќе си рече: „Е, добро де, мажите костим, кошула и кравта и бинго!“. Ама не е тоа така, голем удел има каков костим, каква кравата, каква кошула… и што е најважно каде што се носи.

„Модната детективска екипа“ на Гламур, секако се шегуваме, немаме таква, но забележавме и сакаме да споделиме мислење со вас. Сметаме дека нашиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски е политичар кој има стил!

Не секој политичар знае да се дотера според соодветната пригода, многумина од нив бараат модни совети од стилисти и тоа не е срамота, така и треба да биде.

Маркетинг
фото: Инстаграм

Во случајов, не знаеме дали господинот Тошковски платил моден експерт, дали неговата сопруга меша прсти околу неговиот изглед или пак едноставно тој самиот има стил и знае да одбере компатибилна облека.

Издвоивме неколку моменти кои ни оставија впечаток.

Маркетинг

Тошковски присуствуваше на отворање на нова канцеларија на управните служби на МВР во Сраај. И погледнете, за оваа пригода тој се облече во темни фармерки, тегет блејзер со тегет обувки, а целокупниот аутфит го свежи со бела кошула. Настанот не е официјален, па минситерот вешто избегнал да стави вратоврска.

фото: Инстаграм

На настанот по повод алпинистичка вежба на Единицата за брзо распоредување и Баталјонот за специјални задачи „Волци“ министерот одбра ќежуал комбинација која се вклопуваше со целокупната слика.

фото: Инстаграм
фото: Инстаграм

При пречек на делегации од странство министерот Тошковски секогаш е права даса. Погледнете неколку од неговите појавувања, никогаш не е во истите бои, а секогаш вешто искомбинирани тонови.

фото: Инстаграм
фото: Инстаграм
фото: Инстаграм

Можеме да заклучиме дека и сопругата на Тошковски е права дама со стил, па не е случајна претпоставката дека модните совети пристигнуваат можеби од неа.

фото: Инстаграм

Тошковски меѓу спортистите се адаптира во спорстка облека. Неодмана присуствуваше на ревијален натпревар во фудбал помеѓу екипи составени од припадници на САЕ Тигар и ЕСН Волци, кој се одржа на новиот спортско-рекреативен центар во Општина Бутел кој го носи името “Бранители” во чест на сите бранители кои го дале својот живот бранејќи го територијалниот интегритет на Македонија. И на оваа средба се облече спортски.

фото: Инстаграм

Погледнете уште неколку фотографии од Тошковски во различни ситуации. На приемот на филмкиот фетсивал „Браќа Манаки“ Тошковски со сопругата блеснаа на црвениот килим издвојувајќи се од толпата со елегганција.

фото: Инстаграм
фото: Инстаграм
фото: Инстаграм
фото: Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button