Реклама
Вирално

Нашинците направија хаос во Австрија – не ги почитуваат мерките за коронавирусот, полицијата во шок од она што го виде

Реклама

Откако попуштија мерките против коронавирусот во Австрија, баровите и рестораните во Виена ги отворија своите врата.

Фото: Илустрација

Но како што деновиве објавија австриските медиум, во еден од клубовите во кои излегуваат граѓани кои по потекло се од Балканот, не се почитувале мерките за дистанцирање ниту пак полицискиот час, пишува Мондо.рс

Балканската улица е жива, е мотото под кое стотина граѓани на Виена се собраа во еден локал на улицата Отакрингер.

Маркетинг

Но како што пренесе австрискиот „Heute“, во наведениот локал мерките за држење дистанца не се почитувале, ниту пак полицискиот час.

Иако полицискиот час започнува од 23 часот, ни тој не се почитуваше. Од тие причини во целиот случај мораше да се вклучи и полицијата во Виена.

Маркетинг

И претседателот Александер фатен како го прекршува законот

Инаку, деновиве уште една вест одекна како бomбa во австриските медиуми, а е поврзана со нашинците во оваа земја. Имено, претседателот на Австрија, Александер ван дер Бален вчера беше „фатен“ како ги прекршува рестриктивните мерки поради корона вирусот.

Тој со сопругата Дорис Шмидингер седел во бавчата на познат виенски ресторан и по пропишаното работно време.

Со одлука на австриската влада, откако од средината на овој месец повторно е дозволена работа на угостителските објекти, работното време е ограничено од 6 до 23 часот.

Претседателот е затечен во ресторанот по 23 часот, а на сопственикот му се заканува казна од 30.000 евра.

Кога полицијата синоќа дошла до бавчата на локалот била затекната од гостите кои седеле на маса со пијалок. Претседателот не бил единствениот гостин што седел на терасата, па чуварите на редот за тоа ги известиле надлежните власти и сега директорот на градскиот Магистрат треба да одлучи дали ќе го казни сопственикот на локлот кој не го испочитувал работното време.

Претседателот се правда дека тоа било грешка и дека прв пат, откако се затвориле локалите, со сопругата и со пријатели излегол во ресторан на вечера.

„Нешто се размуабетивме и заборавивме на времето. Многу ми е жал, тоа беше грешка“, вели тој.

Сопственикот на ресторанот „Соле“, кој со потекло е од Македонија, Аки Нуредини, вели дека укажал на работното време, како што пропишува законот, а со последната рунда пијачка го затворил ресторанот во 23 часот.

Како што додава, претседателот Ван дер Бален, останал во бавчата, пишува „Независен весник“.

Инаку, Нуредини е татко на македонскиот министер за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

Според законот за угостителски објекти и по затворањето, по 23 часот, теоретски гостите може да останат да седат во бавчата, но тоа се смета за приватна забава.

Но, ресторанот на гостите по 23 часот, не смее да им сервира ништо, а шанкот и кујната мора да бидат затоврени.

Инаку, Австрија дополнително ги ублажи мерките од средината на мај за кога беше и планирано укинувањето на забраната за работа на угостителските објекти, а од почетокот на месецот услужните дејности како фризери.

Угостителските објекти од средина на мај повторно почнаа да примаат гости, со задолжителни мерки како заштитни маски за персоналот, горна граница на гости и доволно растојание меѓу масите. Рестораните не работат по 23 часот.
Во истиот период ќе бидат дозволени и верски обреди.

Од 15. мај учениците се вратија во училиште, а наставата за матурантите започна на 4. мај,

Кога ќе се отворат рестораните кај нас?

Што се однесува до ситуацијата со отворањето на угостителските објекти во Македонија, протоколите за работа утре се на дневен ред на владина седница. Владата треба да реши, кога кафеаните и баровите ќе бидат отворени, но истовремено и колку гости ќе може да прими еден објект и кое ќе биде работното време. Од друга страна и угостителите имаат голем број забелешки. Спорно за нив останува тоа што Комисијата за заразни болести налага во 10 метри квадратни да има само една маса со четири столици.

Угостителите пак, бараат да се одреди на која дистанца треба да биде столче до столче на соседна маса. За угостителите е проблематично и тоа што ако се четири лица на едена маса, дека ќе мора да бидат од потесниот круг на семејството.

„На таа една маса која треба да се стави на 9,6 метри квадратни е да седат двајца. Тука исто не ја гледаме логиката. Ставена е одредба доколку е семејство или тие што седат на масата се семејство ќе може да седат четири лица. Е тука има доста спорни точки. Ние немаме овластување да ги легитимираме гостите, дури и доброволно да се легитимираат сами, навлегуваме во други работи. Има Закон за семејство, има вонбрачни заедници“, вели Мартин Ангеловски од угостителска комора при ССК.

Од Комората на угостители уште еднаш и порачаа на Владата дека треба да им дозволи рестартирање на дејноста, но со економска исплатливост. Револтот кај угостителите порасна откако власта дозволи отворање на моловите, возење со јавен превоз, авто-школи, одржување семинари на затворено и функционирање на сектори кај кои има драстично послаби заштитни мерки во однос на угостителството.

Угостителите сметаат дека протоколите се така скроени да може инспектор во секое време да најде неправилност и да биде во можност да изрече глоба за угостителскиот објект.

Угостителите нагласуваат дека бараат да работи и внатрешниот дел од локалот, а не само терасата. Уверуваат дека идентично, ако треба и двојно повеќе ќе го дезинфицираат тој простор само да може да работи нивниот објект во целост.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button