Реклама
Интервју

„Нашето детство заради улицата и уличните игри беше посебно“

Реклама

Гламур интервју со Мартин Трајановски

Фотограф и графички дизајнер кој секојдневно не инспирира преку неговите фотографии што ги објавува на социјалните мрежи. Мартин Трајановски од оваа година е и предавач на курсот по фотографија во „Creative Hub“. Разговаравме за добра и лоша фотографија, за Скопје и скопјани, но и за кулинарските вештини кој тој ги поседува.

 

Маркетинг

Омилено место во Скопје?

Искрено, зависи во кој период од денот сум. Ако ме прашаше во четири часот попладне и ако бев заглавен негде во градот во автомобил, сигурно немаше нешто убаво да ти кажам (се смее). Ако ме прашаше во период кога сум полабав,со навремено-успешно завршени обврски, некаде седнат во Дебар маало, на кафе-муабет со пријателите би ти кажал дека и кога би шетал во светот, секогаш тука ќе се вратам. Не би можел да одвојам некое посебно место – се се заснова на моменталното расположение.

Каде се прават најлудите фотографии?

Верувајте ми дека секаде! (се смее) За “луда” фотографија e не е потребно посебна луда локација. Секако, не е спорно тоа дека добрата идеја со добро опремен сет, буџет и локација за реализација на истата е добердојдено, но не е клучно за добриот производ да биде добар или во случајов, “лудата фотографија” да биде доволно “луда” и задоволувачка за гледачот. Доволно е нашата имагинација да работи на ниво кое што нема никакви огрничувања и верувајте ми дека самата помисла на т.н “луди идеи” за фотографи, самите себе ќе се изненадите што воопшто сте се сетиле на нашто такво.

Сепак “луда фотографија” е индививуална работа, поради тоа што се секој од нас на различен начин ги гледа објектите и ситуациите околу него, па според тоа и степенот на “лудост” може да варира од индивидуа на индивидуа.

Што има Скопје и ниту еден друг град за фотографирање?

Загаден воздух – кој без никаков проблем и помош на Фотошоп можеме да го фотографираме и да биде целосно видлив. Иронично, но вистинито.

По што го паметите детството?

По многу работи. Пред се среќни. Интересно е тоа што мојата генерација е малку поразлична за разлика од останатите. Ќе ме прашате зошто мислите така? – Нашата генерација беше сведок на многу транзитивни периоди во поглед на технологијата, а во ова време неминовно е технологијата да не ја поврземе со детството и начинот на растењето на денешните генерации.

Токму мојата генерација се луѓе кои што точно знаат како се користи касета за радиокасетофон исто толку колку добро како што знаат како се користи мобилен телефон или нешто слично. Оваа компарација би ја поврзал со дружењето на улиците и уличните игри без кои детството немаше да ни биде такво какво што ни беше – незаменливо!

Навистина ми е жал што денешните генерации едноставно не можат да ја почуствуваат таа разлика на уличните игри со виртуелните. А, да, ќе заборавев – детството без добрата музика немаше да биде такво какво што беше! Луѓето што ме познаваат знаат дека многу често знам да се пошегувам на име на денешната музика (со чест на ислучоци како Dua Lipa, The Weeknd, Normani, Lana Del Ray, Halsey), но навистина се чувствувам привилегиран што имав можност да се оформувам во годините кога Ciara, Rihanna, Gwen Stefani, Nelly Furtado, Timberland, Lady Gaga, Pink, The Black Eyed Peas, Britney Spears и многу други ги започнуваа или зацврстуваат темелите на своите кариери, а воедно и запечатија период на незаборавни поп-денс и р’н’б хитови.

Вашите фотографии на Инстаграм изгледаат необично и различно, на што најмногу треба да се внимава за да се направи добра фотографија?

Ви благодарам за тоа, ми значи многу кога слушам коментари од овој тип.. Живееме во време кога навистина не е лесно да си свој или единствен (ако воопшто тоа така може да се нарече) или едноставно различен. Од друга страна, луѓето многу лесно можат да ги занемарат своите вистински квалитети што природно ги поседуваат со цел покажување на некаква различност на јавноста, но не разбираат дека токму напротив, она вистинското што го имаат во себе е клучното кое што би ги издвоила токму нив, ако воопшто епитетот “различен” е важен да се поседува.

Кога се работи за тоа што треба да се внимава додека се фотографира, навистина би ни требало многу повеќе време за детално да можеме да го објасниме тоа. Би се задржал на една основна и клучна техничка работа во светот на фотографијата – добро светло. That’s all.

Дали скопјани ги следат трендовите?

Секако дека да. Нашиот менталитет е таков што не дозволува простор за не следење на трендовите кои што светот ги налага (се смее). Да не се разбереме погрешно, секако дека тоа е добро и така треба да биде! Но, новата тема која што се наметнува е тоа дали и колку е успшено таквото следење на некој тренд? Дали секој тренд е создаден за секое место на планетата Земја? Ќе ги оставам читателите сами да си одговорат на ова.

Како се снаоѓате во кујна?

За тоа што знам да го зготвам – одлично! Да бидам искрен од кога започнав со конзумирање на здрава храна и редовно спортска активност, самиот “way of life” наметнува да бидете малку повеќе од предходно активни во кујна. За моја среќа, јас навистина уживам во готвењето, но кога готвам, сакам целосно да се посветам на тоа. Не сакам кога морам да зготвам нешто за многу кратко време. Eдноставно уживањето во готвењето не е целосно на тој начин.

Од оваа година сте и предавач на студентите во „Creative Hub“, колку луѓето во Македонија сакаат да се едуцираат кога е фотографијата во прашање?

Токму така! Навистина тоа е една од неколкуте работи по кои ќе ја паметам 2019 година. Од една страна претставува предизвик, а од друга страна за прв пат сфатив колку се пронаоѓам во оваа работа. Мислам дека ова е супер прилика да им се заблагодарувам на тимот на Creative Hub, а пред се на Аријана Коскарова – ко-основач на Creative Hub, која ја проепозна мојата работа и ме покани токму јас да бидам одговорен за Курсот по фотографија кои што е дел од Академијата за Графички дизајн и адвертајзинг.

Од друга страна, во ова време на Инстаграм и презаситеноста на публиката со фотографијата како информација, претставува неминовно хоби на многу луѓе, дури и на оние кои професионално не се занимаваат со оваа работа. Kоментарите на дел од студентите како на пример “Едвај чекав да дојдат часовите по фотографија” нависитна ни ја покажуваат нивната висока заинтересираност за студиите, а според тоа и висока мотивираност од моја страна, со единствена цел – задоволни студенти и се надевам, можеби идни колеги.

Што според вас е лоша фотографија?

Хмм.. Искрено според мене не постои нешто што се нарекува “лоша фотографија”. Се работи за многу дискутабилна тема. Од друга страна, логично се наметнува прашањето: Што преставува добра фотографија? Искрено не се сложувам со конецпцијата на добра и лоша фотографија. Се е до перцепцијата на гледачот. Краток пример: Ја изработуваш твојата најдобра модна фотографија и истата ја споделуваш со Стефан. Стефан (кој воопшто не ја сака модната фотографија) логично ќе одговори: Не ми се допаѓа! Тоа не значи дека мојата фотографија е лоша. Тоа едноставно значи дека Стефан не е љубител на модна фотографија. Што заклучуваме? Точно знајте која е вашата публика кога се работи за вистинско оценување на делото. Впрочем како и во секоја друга професија или сфера во животот.

Искрено мислам дека една лоша фотографија не би била лоша доколку авторот на истата не ја направи да е таква. А од друга страна, пак, кога некој кој непрофесионално се занимава со фотографија, шансите неговата фотографија да биде етикетирана како лоша, не постојат. Сепак, не секој човек може да гледа на начин како што некој фотограф или човек со висок смисол за естетика би можел.

Инстаграм профилот на Мартин следете го тука >>

Фото: Ерина Богоева

Поврзано

Back to top button