Наша позната водителка објави фотографии со сопругот и откри преубава вест – ова нема да и го заборави
Нашата убава водителка беше облечена како холивудска ѕвезда на роденденската прослава на својот сакан кој наполни 40 години
Милена сподели среќна вест
Познатата водителка Милена Антовска-Станковска пријатно ги изненади сите со својата последна објава, а својот сопруг Гордан најмногу.
Имено, таа сподели неколку фотографии од прославата на роденденот на својот сакан кој наполни 40 години.
И како што вели и таа самата во описот на фотографиите што ги сподели, тој сега има 40 години и е уште погрижлив, позгоден и поуспешен, и секако најдобриот татко, напиша Милена и ги воодушеви сите.
Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
На фотографиите таа позираше заедно со својот сакан и нивните две убавици, а посебно внимание привлече и изгледот на Милена.
Шармантната водителка за оваа пригода избра тесни панталони со интересен дезен, а од истиот комплет е и горниот дел.
Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Но горниот дел беше со куси ракави и малку пократка должина така што се гледаше суптилно и половината на Милена.
Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Таа целото издание го зачини со црни сандали, а преслатко беа облечени и нејзините ќерки, Лана Марија и Јоана.
И ако судиме според фотографиите, тие одлично се забавуваа, а водителката цело време блескаше и не ја тргаше насмевката од лицето.
Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Коментари под објавата се уште се редат, а нејзините следбеници покрај убавите желби и порачаа и дека изгледа прекрасно.