Наша пејачка се пресели на село заради внукот со аутизам – ужива во селскиот живот, сади патлиџани (видео)
Многу мажи беа вљубени во оваа убавица, а таа денес ужива во своите пензионерски денови
Маја жареше на македонската музичка сцена, а денес ужива во пензија.
Поп-дивата Маја Оџаклиевска својата музичка кариера ја започнала на свои 15 години, појавувајќи се на аудиција на Радио Скопје.
Принтскрин/ Јутјуб, РТС, ТВ лица
Таа има учествувано на безброј фестивали низ поранешна Југославија.
Изведувач е на најпознатите евергрини: „Многу солзи“, „Шила“, „Лиду лидуду“, „Не допирај ме“, „Сребрени улици“, „Среќо кажи“…
ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска
Таа било вистинско освежување на музичката сцена.
Згодна и убава, со неверојатен глас.
Во нејзе биле вљубени многу познати мажи, а на нејзината убавина не одолеал ниту Бора Чорба.
ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска
Мајка е на две ќерки, Теа и Андреа, кои убавината ја наследиле од мама.
Маја денес има 70 години и се вбројува меѓу жените за кои се вели дека стареат како виното.
ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска
Долги години живее во Белград и ужива во пензинерскиот живот во својот дом, кој го смета за своја оаза на мирот.
Повеќе ја нема долгата огнено црвена коса по која беше препознатлива, но и понатаму ја има насмевката која остава без зборови.
Погледнете:
ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска
ФОТО: Фејсбук / Маја Оџаклиевска
Ова е нејзиниот нов дом во близина на Велика Плана каде Маја се пресели за да му помогне на својот 13-годишен внук Лука на кого своевремено му беше дијагностициран аутизам.
Таа животот во центарот на Белград го замени со зелена идила каде сега ужива во цврцорењето на врапците, а има и своја бавча во која си одгледува свој зеленчук.
Принтскрин/ Јутјуб, РТС, ТВ лица
Куќата има голем двор, а омилено место на пеачката е големата тераса од која се пружа преубава глетка.