Нашата фолк-печка го запали песокот – погледнете ги нејзините омилени костими за капење
Сузана Гавазова и ова лето не мирува, а за тоа сведочат и фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи.
Но овој пат во фокусот ни е една фотографија на која познатата фолк-пејачка позира во костим за капење. Во прашање е преубав едноделен модел со цветен дезен и интересен детаљ во пределот на деколтето со кој Гавазова го истакна на совршен начин она со што располага.
Таа целото летно издание го зачини со ѓердан, очила за сонце и шешир во бела боја, а според коментарите пејачката изгледа тип-топ во ова летно издание.

„Најубавата жена и пејачка во Македонија. Поздрав од се срце од Србија и Пожаревац“, и напиша еден фан во коментарите.
Во продолжение погледнете уште неколку „опасни“ изданија на Гавазова со кои таа ја креваше температурата пред очите на своите фанови ова лето.


