Нашата фолк дива, Благица Павловска реши да се подмлади – во ова издание изгледа непрепознатливо
Иако навлезе во седмата деценија од животот, Благица Павловска (60) се уште знае како да го привлече вниманието на посилниот пол со својот изглед.
Благица веќе со децении важи за една од најпознатите фолк пејачки во Македонија, но и како дама која досега многу пати го менувала својот стил. Таа неодамна донесе одлука да го освежи својот изглед, па се пофали со нова хит фризура која поприлично ја подмлади.
Имено, таа реши да ја промени својата фризура, па ја бојадиса во црвенкаста-портокалова нијанса која и стои одлично. Од фотографиите можеме да видиме и дека во последно време носи долги фустани, па нејзините обожаватели се позитивно изненадени од нејзиниот нов изглед.
Инаку, Благица заедно со својот колега Јордан Митев повеќе од еден месец се на турнеја низ Австралија. Тие таму веќе имаат одржано неколку концерти низ повеќе градови каде со своите песни и хитови ги развеселуваат нашите иселеници. Планираат да одржат вкупно десет заеднички концерти, а целата турнеја да им трае околу месец и половина.
Нашата легендарна пејачка ги крена нашинците на нозе, а за нејзините концерти се бара карта повеќе, пренесуваат македонските портали од Австралија. Според коментарите што можевме да ги прочитаме на социјалните мрежи, Благица е во најдоброто издание досега и заедно со Јордан Митев се најдобрите амбасадори на македонската музика.