Реклама
Наши ѕвезди

Нашата публика ја обожаваа оваа жена која ја однесе победата и во НАЈГЛЕДАНОТО МУЗИЧКО ШОУ за ветерани во регионот

Реклама

Кукиќ наскоро со изненадување за своите фанови

Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Општината Босилово пред неколку дена, односно на 10 април, на познатата фолк пејачка Ленче Кукиќ и додели „Плаката за посебен придонес и промоција на општината.

Пејачката со оваа општина е поврзана преку нејзиниот сопруг Горан Кукиќ, кој е роден во Босилово.

Маркетинг

Инаку, Ленче и Горан со своето учество во шоуто „Никогаш не е доцна“ станаа познати во целиот регион.

Фото: Приватна архива

Нивниот бенд „Јупитер“ постои повеќе од 20 години, а Ленче во „Никогаш не е доцна“ однесе двојна победа – и од членовите на жирито како и од гласовите на Фејсбук, додека пак нејзиниот сопруг, со кого долги години е во брак, Горан Кукиќ, ја однесе победата во првиот серијал од истиот натпревар.

Маркетинг
Фото: Приватна архива

Ленче е родена во Струмица и од малечка се занимава со пеење. Таа ја освои публиката уште со првото појавување во шоуто за ветерани кога маестрално ја изведе песната „Катерино моме“ и ја воодушеви публиката, а наскоро треба да излезе и нејзиниот албум за Гранд продукција.

Фото: Приватна архива

Албумот ќе биде комбинација од српски и македонски песни и ќе отвори ново и уште поинтересно поглавје во кариерата на македонската пејачка што ја обожава целиот Балкан.

Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Приватна архива

Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна

Поврзано

Back to top button