Ретро комплетите во стилот на Џеки Кенеди станаа заштитен знак за македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова. Уште за време на претдедателската кампања кога таа се кандидираше во трката за прв човек на државата го привлече вниманието кај модните експерти, но и кај народот со нејзиниот стил.
Префинет стил за оваа дама, така можеме да го дефинираме облекувањето на нашиот врховен командант.
Давкова најчесто е во комплети, сако и здолниште во пристојна должина.
Претседателката не е здодевна во модата и не ретко ја гледаме во интересни принтови, свежи бои и модерни креови. Во зависнот пд пригодата таа одбира убава модна комбинација која прилега на настанот.
Бобиците се „ин“ во модниот свет, очигледно и функционерите можат да ги носат доколку знаат како.
Огромно внимане привлече фотографијата со актуелниот американски претседател Џо Бајден и неговата сопруга. Од една страна оваа фотографија стана виралана бидејќи сите забележаа како Бајден ја држи за рака Давкова,а сопругата не, а од друга страна претседателката водоушеви со нејзиното модно појавување на оваа средба. Свилената светло сива кошула надополнета со сив блејзер во ист тон одлично и прилега.
Погледнете неколку впечатливи модни комбинации на претседателката кои можеби ќе ве инспирираат.