Нашата прва дама во едно од најелегантните изданија досега
Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, заедно со својата сопруга, Елизабета Ѓоргиевска, замина во официјална посета на Полска.
Нашата прва дама за посетата на Варшава каде беа пречекани од претседателот Андреј Дуда и неговата сопруга Агата избра преубав фустан и капут во „бургунди“ нијанса. Таа под елегантниот капут носеше фустан со интересни ракави кој и стоеше феноменално, а целото издание го заокружи со црни хулахопки и високи потпетици.
За разлика од неа, сопругата на полскиот претседател, Агата Корнхаусер Дуда, носеше шик комплет со црни детали. И таа играше на картата на елеганцијата со интересен фустан во беж боја и црни нијанси преку кој носеше бел капут, но мораме да признаеме дека Елизабета овој пат успешно ја надмина секогаш беспрекорно дотераната Дуда.
Инаку, бојата на виното е одличен избор за било која зимска комбинација! Темна, лежерна и елегантна се согласува одлично со секој тен и боја на коса, а тајната на овој феноменален изглед на нашата прва дама се крие во едноставноста, нагласена со преубавата, грациозна фризура, црните хулахопки и суптилниот црн детаљ на половината. Бидејќи бургунди нијансите сами по себе се убави, било каков моден додаток со оваа боја изгледа совршено, посебно ако го заокружите целото издание со еден ваков преубав капут во иста нијанса.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Елизабета?