Нашата прва дама има идеална јакна за октомвриските денови – Бети ги воодушеви и мажите и жените со ова свое есенско издание
И топла и тренди и удобна за носење!
Нашата прва дама се појави на еден настан во тренд издание со кое и овој пат никого не остави рамнодушен.
Имено, Елизабета за оваа пригода избра опуштена комбинација во која главна улога ја имаше јакната со пердуви.
Во прашање е есенско-зимско издание кое е одличен избор за работа, но и за дневна прошетка низ градот.
Таа во ова свое издание го носеше во пресрет на Меѓународниот ден на руралната жена, кога беше на посета на преспанскиот регион. Во ресенското село Болно, беше пречекана од трудољубиви земјоделки, а за време на настанот се запозна и со жените кои се претставнички на локалните фарми.
Нејзиниот избор за ова пригода беа тесни црни фармерки, кои во секое издание внесуваат шик и елегантна нота, а кои Бети ги носеше со црна блуска и бела јакничка која е одличен избор за овој период од годината.
Во прашање е бела јакна со пердуви, прилагодена за постудени и ветровите денови, која е поприлично едноставна, удобна и топла, а истовремено и тренди и многу лесно може да се вклопи со останата облека, па затоа е и мошне популарна и меѓу најпознатите светски инфлуенсерки.
Погледнете како изгледаше Елизабета во ова свое издание, но и неколку тренди модели на јакни од еден од најпознатите хај-стрит брендови кај нас за оваа сезона…