Првата дама на Македонија во последните денoви е поприлично активна и имаме прилика често да ја гледаме во јавноста.
И откако не воодушеви на отворањето на канцеларијата Младихаб во центарот на Скопје со своето елегантно издание (види тука), таа и при првата заедничка официјална посета со својот сопруг, претседателот Стево Пендаровски, во Австрија, беше посебно дотерана.
Во прашање е капут кој неодоливо потсетува на моделот што пред некое време го носеше војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, а за кој веќе ви пишувавме. Но деновиве дизајнерката Тања Кокев објави неколку фотографии на кон се гледа и преубавиот фустан што Бети го носеше во ова издание.
Имено, таа за оваа пригода избра фустан со потписот на една од нашите најпознати дизајнерки, Тања Кокев. Фустанот е во идентична нијанса како и капутот, со долги ракави и должина нешто под колената, а Елизабета одлично го комбинираше со високи потпетици во беж нијанса.
„Конечно имаме прва дама со стил“, напиша една корисничка под фотографијата на социјалните мрежи.
Па, дали ви се допаѓа Бети во ова издание?