Нашата прва дама во омилениот фустан на Одри Хепберн
Одри Хепберн во „Појадокот кај Тифани“
Ниту едно друго парче го нема стекнато статусот на нешто култно како што е малиот црн фустан кој со својата популарност може да им парира на фармерките и белата кошула. Малиот црн фустан (анг. Little black dress или скратено LBD) прв пат беше виден во 1926 година на цртежот на кој Коко Шанел го прикажа својот фустан „The Ford“.
Првата верзија имаше долги ракави, беше направен од црна свила и беше наменет за „жени со вкус“.
Софија Лорен 1965
Според легендата, дизајнерот Пол Пуаре ја сретнал Коко Шанел како се шета низ улиците на Париз во мал црн фустан и ја прашал за кого жали, а таа му одговорила „За Вас, господине“. Шанел едноставно инсистираше црната боја да не биде асоцијација на жалење, туку да стане боја и за секојдневната облека и симбол за елеганција и женственост, спротивна на конвенциите.
Мерилин Монро 1956
Џоан Бенет 1928
По ова малиот црн фустан го освојува светот особено откако легендарната Одри Хепберн ќе се појави во него во култниот филм „Појадокот кај Тифани“.
Појадокот кај Тифани
Во прашање е фустан од Живенши кој на аукција во 2006 година беше продаден за 765.000 долари. Во слично издание со сличен мал црн фустан неодамна можевме да ја видиме и нашата прва дама Елизабета Ѓоргиевска.
Нашата најелегантна прва дама
Секогаш дотерана и елегантна, Бети ги освојува симпатиите со својот стил, а нема проблем да ги носи и најпопуларните трендови. Тоа го потврди и неодамна кога се прошета во преубав фустан и капут во светло сина нијанса, но и со ова издание во кое го носи овој популарен модел.
Во прашање е модел со кратки ракави кој Елизабета го носеше со бели бисери, впрочем како и Одри која исто така на овој начин ја разби монотонијата на црната боја.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Елизабета?