Нашата поранешна министерка за својот син избра име со МОЌНО ЗНАЧЕЊЕ – и Ѓоковиќ го обожава ова име
Еве како Нина ужива во мајчинството
Поранешната министерка и позната бизнисменка Нина Ангеловска, се породи пред три недели, а сега ги изненади сите со своите фотографии.
Имено, Нина објави неколку фотографии од кои можеме да видиме како заедно со сопругот го шетаа нивниот наследник.
Таа ги снимаше и ноџињата на бебенцето откривајќи дека максимално ужива во најубавата улога во животот.
Инстаграм/ Нина Ангеловска
Таа се породи со царски рез, а породувањето помина без проблеми во една од најпознатите скопски приватни болници.
Инстаграм/ Нина Ангеловска
И како што и самата откри и тоа само неколку дена по породувањето, за својот наследник го избра преубавото машко име Стефан.
Инстаграм/ Нина Ангеловска
Стефан е едно од најпопуларните имиња во православниот свет и доаѓа од грчкиот збор „стефанос“ што значи круна или венец.
Токму затоа за секој што го носи името Стефан се верува дека е крунисан, а името се поврзува и со силната христијанска симболика што ја носи венецот кој што претставува надеж и вечен живот.
Инстаграм/ Нина Ангеловска
Стефан стана популарно има и откако Јелена и Новак Ѓоковиќ на својот првенец му го дадоа ова име, па многу родители тргнаа по нивните стапки.
Инстаграм/ Нина Ангеловска
„Сега сме тројца“
„Емоции кои не знаев дека постојат. Немам соодветен збор да се опише чувството на прво запознавање, допир, бакнеж… Превозбудени за најголемата и најважната животна улога на која максимално ќе и се посветиме со сите убавини, радости и предизвици кои ги носи. Сега сме тројца“, напиша неодамна новопечената мама Нина кога излезе од болницата со своето бебе.