Нашата поранешна манекенка мир и спокој бара на едно место, еве каде може да ја најдете
Глигоровска не е првпат овде, вели дека доаѓа многу често во ова светилиште.
Убавата русокоса Маја Глигоровска, некогашна манакенка, модел и убавица која и ден денес плени со својата појава неодмана беше во посета на едно свето место.
Таа не сокрива за јавноста дека е голем верник и дека сака да му се моли на бога, па затоа во слободните денови ја користи приликата и оди во посета на некој манастир или црква.
Најголем спокој и мир добива во манастирот Свети Василиј Острошки, вели во интервју за „Репортер“.
фото/Принтскрин „Репортер“
фото/Принтскрин „Репортер“
„Одамна е познато дека по посетата на ова светилиште многу болни оздравеле и луѓето се сведоци на секакви чуда кои се возможни само со помош и верба во Бога. Јас сум религиозна и не кријам дека се будам и заспивам со вера во Бога. Никогаш не ја заборавам молитва за мене и сите мои блиски. Овој пат Острог го посетив за крај на богородичните пости. Заминав таму за да си ја смирам душата, да ја почувствувам уште еднаш таа енергија, да преспијам и да присуствувам на утринската литургија“, открива Маја.
За верниците познато е дека овде псотгои долгогодишна традиција така што луѓето го прават тоа што го правел некогаш Василиј.
За здравје се оди од долниот манастир до горниот манастир, бос, пред да влезат во црквата да се молат пред Свети Василиј Острошки“.
фото/Принтскрин „Репортер“
За време на посетата на манастирот, таа ја испочитувала традицијата, пешачејќи боса до горниот манастир.
Глигоровска не е првпат овде, вели дека доаѓа многу често во ова светилиште.
фото/Принтскрин „Репортер“
Во интревјуто таа додава за тоа дека според неа луѓето не треба да одат во црква само кога сакаат да се помолат за нешто, туку и да се научат да одат во божјите домови за да му се заблагодарат на бог.
фото/Принтскрин „Репортер“
Во разговорот ни кажа дека за неа благослов секој нов ден кој го живее. Дека покрај тоа што оди да се помоли , оди во црква одам да се заблагодари на Бога за сѐ што има во животот.
фото/Принтскрин „Репортер“
„Особено е важно во црква да одиме и да се заблагодариме за сѐ што имаме, а не само да се молиме за она што го посакуваме. Имам свој духовен отец од кој имам многу научено за верата, тоа е отец Михаил од црквата „Св. Јован Крстител“. Секогаш кога сум во можност ја посетувам утринската литургија токму во оваа црква. Тоа е местото каде ги одморам душата и телото . Отец Михаил е човек кој секоја болка со неговата моќ ти помага да ја ублажи и знае да те научи како треба“, ни раскажа Маја.
фото/Принтскрин „Репортер“
Инаку прекрасната Маја недостасува на модните писти, но затоа е една од омилените учителки. Маја работи како оделенски наставник од ОУ,,Браќа Миладиновци“ и за себе вели дека понекогаш кога е потребно е и строга со учениците.
фото/Фејсбук
фото/Фејсбук
фото/Фејсбук