Нашата поранешна Гранд ѕвезда повеќе не го крие лицето на својот наследник – малиот Мите целиот е на тато!
Еве како пејачот ужива во друштво на својот син Мите
„Срце на тато“
Пејачот прв пат го покажа лицето на својот син на социјалните мрежи и ги воодушеви своите верни фанови
Младиот пејач Александар Темелков (24) објави фотографија на која го држи во рацете својот син Мите.
Ова е прв пат Темелков на социјалните мрежи да го покаже лицето на својот наследник кој се роди пред само неколку недели.
Инстаграм/ Александар Темелков
„Срце на тато“, напиша тој, а под фотографијата многумина му порачаа дека малиот многу личи на него.
Инстаграм/ Александар Темелков
Потсетуваме, сопругата на Александар, Сара, се породи во јануари, а веста дека станале родители прв ја објави гордиот татко.
Инаку, тој се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“, но на крајот ова шоу го заврши неславно.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Како што самиот откри неодамна во емисијата „Ти реков, ми рече“, наводно од продукцијата му било понудено мито за да продолжи во следниот круг од натпреварот, но тој категорично ги одбил.
Принтскрин/ јутјуб, Ти реков, ми рече
Како што самиот изјави, му побарале 20.000 евра, а повеќе за овој скандал прочитајте на следниот линк.