Нашата поп-пејачка конечно го покажа синчето – ова е НАЈСЛАТКОТО НЕШТО што ќе го видите денес
Еве како Гиговска се гушка и бакнува со своето бебенце
Пејачката повторно во центарот на вниманието
Нашата позната пејачка Антониа Гиговска направи пауза од социјалните мрежи додека беше бремена, но откако се породи и го роди малиот Киан таа речиси секојдневно објавува слики и снимки за своите фанови.
Па таа неодамна имавме прилика да видиме како ужива во Дубаи од каде објави и неколку фотки на кои е во костими за капење, па многумина забележаа дека пејачката повторно изгледа како и пред бременоста.
Но овој пат Гиговска гордо го покажа својот наследник, а снимката што ја објави веднаш ги освои срцата на нејзините фанови.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Имено, таа се снимаше додека го држи бебето во рацете и го нунка, одвреме-навреме бакнувајќи го во главата.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Малиот како и мајка му, ужива во музиката и во прегратките на мајка му, а се гледа и дека поприлично потпораснал.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Тој посебно ги изненади сите со неговата косичка, а како изгледше овој сладок момент, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Потсетуваме, неодамна поразговаравме со Гиговска за тоа како е да се биде мајка, на што таа ни одговори дека ужива во секој момент и дека чувството за неа е незаменливо. Како што самата ни откри, Киан многу сака да се гушка, да ручка, сака да се гали, но и да свири и да пее.
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Јас претходно си замислував какво детенце сакам да имам и баш такво и си имам, откри Гиговска за „Гламур магазин“.
Целото интервју со неа прочитајте го тука…