Нашата позната фолк-пејачка ја покажа својата сестра – изгледаат како Барбики, личат како близначки
Погледнете како изгледа сестрата на нашата позната пејачка
И сестрата на познатата пејачка е вистинска убавица
Многу малку се знае за приватниот живот на Даниела Темелковска, посебно што таа никогаш не била склона кон скандали.
Пејачката својот приватен живот успева да го држи далеку од очите на јавноста, но колку што и даваат можностите, заради професијата со која што се занимава. Од друга страна и нејзиниот син, Даниел Блажевски, се занимава со истата професија, односно и тој е пејач и понекогаш настапува заедно со својата мајка, а позната е и нејзината сестра, Емилија, која е модна дизајнерка.
Даниела и Емилија си се голема поддршка една на друга, а Емилија воедно и е и како десна рака и се грижи за нејзиниот изглед.
Фото: Инстаграм/ Даниела Темелковска
Но она што сите од прва и веднаш го забележуваат е и тоа колку тие личат една на друга, што може да се види и од најновата објава на Даниела.
Имено, пејачката објави неколку фотографии од одморот, покажувајќи како ги полни резервите со витамин Д, а фотографијата на која што е со својата сестра ги изненади сите.
Фото: Инстаграм/ Даниела Темелковска
Тие двете толку многу личат една на друга, посебно во едно вакво издание, што многумина мислат дека се близначки.
Имено, Даниела веќе со години важи за една од најатрактивните наши фолк пејачки, а и нејзината сестра исто така плени со својот изглед.
Фото: Инстаграм/ Даниела Темелковска
Емилија е модна креаторка и нејзината сестра на своите настапи често носи креации со нејзин потпис, а можевме да ја видиме и во спотот на Даниела „Не се надевај“, кој беше снимен во Охрид.
Фото: Инстаграм/ Даниела Темелковска
Тие често одат заедно на одмор и уживаат во летото, а очигледно така беше и овој пат, што може да се види и од фотографијата на која и двете изгледаат како вистински Барбики.