Нашата позната фолк-пејачка се преполови – и со + 20 килограми изгледаше убаво, но погледнете ја сега
За неколку месеци се претвори во друга жена
Познатата фолк-пејачка и гајдаџика ослабна 20 килограми за една година
Познатата македонска фолк-пејачка и гајдаџика, Елена Јовческа, во последно време се почесто привлекува внимание со своите фотографии и објави на социјалните мрежи.
Но она што не може да помине незабележано и посебно ги изненадува сите е нејзиниот нов изглед.
Имено, Елена во последните неколку месеци успеа да ослабне цели 20 килограми и сега изгледа многу послабо отколку порано.
Фото: Инстаграм/ Елена Јовческа
Но како што вели самата таа, придобивките од слабеењето не се само во тоа што сега има неколку килограми помалку, туку и што многу полесно се чувствува и полесно може да го работи она што го сака.
И како што самата вели, во нејзиното интервју за „Фокус“, Елена тоа го направила така што најпрво потполно го исфрлила шеќерот, лебот и тестенините од својата исхрана, како и газираните пијалаци.
Фото: Инстаграм/ Елена Јовческа
Со квалитетниот начин на исхрана таа имала и повеќе енергија за своите настапи, а како изгледа сега, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Елена Јовческа
Елена која повее од 10 години е на нашата сцена и која знае да свири на изворни музички инструменти, гајда и зурла, вели дека воопшто не било лесно да се откаже од старите навики и да ослабне.
Фото: Инстаграм/ Елена Јовческа
Покрај гајда и зурла, оваа шармантна млада дама знае да свири и на хармоника и пијано, а по професија е дипломиран економист.
Прилепчанката не крие дека сега е презадоволна од својот изглед и се чувствува многу поенергично, што можеме да видиме и од нејзините објави.
Фото: Инстаграм/ Елена Јовческа
Посебно од нејзините фотки од летниот период кога на сите им стана јасно дека пејачката се довела во топ форма.
Фото: Инстаграм/ Елена Јовческа
Инаку, Елена е жена која негува природен изглед и не сака премногу козметика, а и на сцената сака да изгледа што поприродно.
Фото: Инстаграм/ Елена Јовческа
Таа отсекогаш важела за вистинска дама на естрадата, како заради изгледот, така и заради ставот и однесувањето, а нејзината љубов кон музиката, како и неверојатниот талент за свирење и пеење, ја прави посебна. Нејзината „отскочна даска“ во кариерата и беше песната „Горда прилепчанка“ која што ја сними во 2012 година и која ја однесе во Австралија каде имаше успешна турнеја.
Фото: Инстаграм/ Елена Јовческа
Таа денес важи за една од омилените пејачки како во Македонија, така и кај нашинците во дијаспората, а како изгледа и звучи на јутјуб, погледнете и слушнете на крајот од галеријата…
Фото: Инстаграм/ Елена Јовческа
Фото: Инстаграм/ Елена Јовческа
Фото: Инстаграм/ Елена Јовческа
Фото: Инстаграм/ Елена Јовческа