Нашата позната фолк-пејачка никогаш не изгледала позаводливо – ова без бакшиш не поминува
Каде и да се појави, забавата е неминовна

Одлична атмосфера, ова ќе се памети
Познатата пејачка Марија Тодоровска, попозната како Марија Луиса, и овој викенд имаше фантастичен настап.
Каде и да се појави знае да направи атмосфера што ќе се памети, а со својата енергија и талент ги воодушевува сите присутни.
Гостите секогаш ја наградуваат богато заради што и гордо ја носи титулата „македонската кралица на бакшишот“, а и нејзините провокативни модни комбинации во кои најчесто настапува едноставно не можат да поминат незабележано.
Инстаграм/ Марија Луиса
Впрочем така беше и овој пат кога настапи во бела креација со отвори во пределот на стомакот и деколтето, па со своето провокативно издание и импресивен настап и овој пат ги остави сите без здив.
Пејачката направи вистински спектакл, а гостите ги пееја песните заедно со неа на глас, а како згодната битолчанка изгледаше во ова свое заводливо издание, погледнете во продолжение…