Нашата позната фолк-пејачка ги изненади фановите – исплива снимка што ги остави сите без зборови
Позната е по фолк-песни, а сега покажа како звучи и во поп-издание и ги воодушеви сите
Познатата фолк-пејачка Анета Љумаковска растура додека ја пее популарната поп-песна „Шила“ од Маја Оџаклиевска
Пејачката Анета Љумаковска неодамна ги изненади своите бројни фанови кога откри дека започнува соработка со нов бенд.
Имено, Анета која е позната по тоа дека прави одлична забава каде и да се појави, откри дека во иднина најчесто ќе ја гледаме со момците од „Дакапо бенд“ кои исто така важат за одлични музичари.
Принтскрин/ Јутјуб
Тие деновиве го објавија и нивниот прв сплет со познати македонски народни песни со кои ги воодушевија сите.
Принтскрин/ Јутјуб
Но сега Анета која важи за една од нашите најдобри фолк пејачки реши да покаже како пее и познати поп нумери.
Повторно станува збор за македонски песни, а снимката што ја објавија веднаш ги воодушеви бројните фанови на пејачката.
Потсетуваме, Анета во последно време често привлекува внимание и со својот нов имиџ кој значително го промени во последно време.
Принтскрин/ Јутјуб
Посебно ги изненади сите со новата фризура, па сега постојано добива пофалби и комплименти на сметка на својот изглед.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
И нејзините интересни модни комбинации се почесто привлекуваат внимание, па сега сите се нестрпливи да видат какво ќе биде нејзиното следно појавување. Пејачката пред само неколку дена на социјалните мрежи позираше во тесен црн фустан, а еден детаљ на неа посебно привлече внимание и ги воодушеви сите.
Повеќе за ова прочитајте тука…