Нашата позната фолкерка што живее во Австралија се пофали со НОВОГОДИШНАТА атмосфера во нејзината нова куќа
Нејзината новогодишна елка е како во бајките
Познатите личности веќе ги украсуваат своите новогодишни елки, а една од најубавите е секако онаа на познатата фолк-пејачка Татјана Лазаревска која веќе неколку години живее во Австралија. Имено, пејачката својата елка ја украси да изгледа како во бајките, со лампиони во сите бои и голема златна ѕвезда, а откако ја украси излезе во шопинг.
Татјана на елката стави преубави украсни, а фановите се воодушевени како ја заврши работата.
Но Татјана ги изненади сите и со фотографиите што ги направи додека беше на шопинг во еден трговски центар.
Таа и на ова место се сликаше покрај новогодишната елка, а во центарот на вниманието е нејзиното шик модно издание.
Пејачката за оваа пригода носеше бел фустан и црна кожена јакна, која одлично ја вклопи во стајлингот.
Татјана заедно со сопругот и нивните две деца пред шест години заминаа во Австралија, а неодамна се вселија во нивната нова куќа.
Па за да им го разубави секојдневието на своите најблиски, таа реши да направи вистинска магија во својот дом.
Пејачката на народна музика на сцената е речиси 30 години и за тоа време испеа голем број хитови.
Нејзин најголем хит е песната „Аце, Аце“, која воедно претставува и нејзина лична карта.
Кај помладата генерација, покрај нејзината нова песна „Инстаграм“, прва асоцијација за неа се и нејзините впечатливи фризури, кои пејачката ги негува во последно време и благодарение на кои се издвојува на сцената.
Но кога таа ја започна својата кариера изгледаше потполно различно, а многумина и не би ја препознале.
Погледнете каков имиџ фура Татјана во последно време…
Инаку, во Австралија од 1 декември до крајот на февруари трае летната сезона, што можеме да видиме и од фотографиите што пејачката ги објавува на Инстаграм.