Нашата позната фолкерка се прошета во куси шорцеви и го зaпaли Охридското Езеро – погледнете го ова издание на убавата Стојне
Пејачката со новите фотографии што ги објави на Инстаграм на многумина им го разубави денот.
Секогаш во чекор со трендовите, младата македонска пејачка Стојне Николова важи за една од најубавите и најзгодни жени на макединската музичка сцена.
Во моментов е една од најбараните музичари од помладата генерација.
Стојне ја започнала својата кариера уште релативно млада.
Таа настапува од својата 15 годишна возраст, а веќе следната година, кога наполнила 16, ја снимила и првата своја авторска песна.Освен што е и повеќе од таленторана и на нејзините настапи се прават најдобрите забави, публиката сепак е и многу заинтересирана за нејзиниот приватен живот.
Се разбира дека така убава и згодна девојка ќе биде поврзувана со различни мажи, но таа сѐ уште јавно нема обелоденето врска со некој.
Што се однесува до мажачката, Стојне неодамна во едно интервју истакна дека верува во вистинската љубов, но, како што пренесе Вечер, таа се уште не го сретнала вистинскиот маж во својот живот.
Никогаш јавно не зборува за својот приватен живот и го крие како змија нозете.
Она на што многумина може да ѝ позавидат е нејзината заработка. Како релативно млад човек, таа може да се пофали со богата ксриера, па на 22 годишна возраст успеа да собере доволно пари за да си купи стан во Скопје.
„Среќна сум што веќе нема да патувам или, пак, да бидам под кирија. Шест години пеам, и за тоа време успеав да заштедам пари за половината, а за останатото подигнав кредит. Ангажирав фирма од Струмица која ми го средува комплетно станот, по мој вкус.
Среќна сум што имам само 22 години и што без ничија помош успеав да си купам дом. Задоволна сум што на мои години успеав да се осамостојам, да не зависам од никого, а најмалку од семејството. Да беше татко ми жив, можеби поинаку ќе одеа работите,е и за мене и за моите двајца браќа, но ние не сме во состојба да чекаме помош од некого туку мораме сами да се погрижиме за сè. Среќна сум што постојано имам настапи, што заради купувањето на станот не се откажав од ништо“ – изјави Стојне своевремено за Вест.
И додека припадничките на понежниот пол уживаат во нејзиниот феноменален глас и нејзините песни, мажите се маѓепсани од нејзината убавина, што можеме да го забележиме и од коментарите што Николова постојано ги добива на сметка на својот изглед на социјалните мрежи.
Џебната Венера или како што многумина ја нарекуваат „македонската Сандра Африка“ е една од најзгодните жени на македонската музичка сцена, која може да се пофали со најсекси нозе на естрадата.
Самата вели дека повеќе сака мини здолништа отколку отворено деколте, а тоа е така поради нејзините совршени нозе.
За време на карантинот сите добивме по некој килограм повеќе, но тоа не беше случај и со Стојне, која уште еднаш покажа дека е во топ форма. Имено, таа позираше во куси тексас шорцеви и боди со кои го истакна своето убаво тело на кое никој не остана рамнодушен.
Во тренди кратки шорцеви и кратка маичка Стојне се прошета низ Охрид и ги воодушеви минувачите.
Косата ја носеше пуштена, а целото издание го заокружи со патики и нејзината убава насмевка.
Погледнете ги и останатите фотографии…
Фото: Инстаграм / Стојне Николова
Фото: Инстаграм / Стојне Николова
Фото: Инстаграм / Стојне Николова