Нашата позната фолкерка ги загрижи своите фанови со пораката на СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Сани, што ти се случува?!

Македонската фолкерка ги запрепасти сите со својот нов Фејсбук статус.
Сања Сани Гроздановска е една од најпопуларните пејачки во моментов во земјава.
Откако се укинаа повеќето рестриктивни мерки за заштита од коронавирусот, Сања има турбо работа. Секој викенд е зафатена и настапува на различно место, а настапите ѝ се закажани и со месеци однапред.
Пејачката може да се пофали и со стас и со глас, па токму тоа ѝ носи голем плус во нејзината професија.

Секој клуб или локал во кој настапува е исполнет до последно место и секој сака пејачката да му пее лично нему.
Шарм, харизма и неверојатен глас се работите кои ја красат младата и талентирана пејачка.
Гордо стои рамо до рамо со најпопуларните ѕвезди во земјава.

Пандемијата донесе финансиска криза во нашата земја, како и сегде во светот.
Најмногу погодени беа музичарите у гостителите, затоа што никакви настани не беа дозволени, а рестораните беа под клуч.
Пејачите останаа без ангажман и пари, па повеќето се одлучија за промена на професијата.

Една од нив беше и Сани.
Имено, таа започна да работи во неодамна формирана компанија за мобили услуги „Green mobile”.
Таа не го конкретизираше работното место, работната позиција, ниту пак висината на примањата, која што и да работи е секако далеку помала од естрадните пари, ама како што е познато, не беше време за пребирање.

За среќа, се се врати во нормала за брзо, па така и Сани се врати на нејзината најголема љубов – пеењето.
Среќна и задоволна таа ја информира својата пулика за своите настапи преку социјалните мрежи.

Таа е доста активна на Фејсбук, каде секогаш кога кажува својот став за актуелните теми и за работи кои некогаш не ѝ се допаѓаат на естрадата. Понекогаш знаеш и да ги потфати и колегите.
Овој пат таа напиша интересен статус со кој засмеа многумина и секако веднаш привлече внимание.

Позната е како голем шегобиец, па и на своја сметка, па во тој стил ѝ е и последната објава.
„Мојот ангел чувар има 4 помошници и сите четворица го држат лично да не ме убие“, напиша Сани.
Фото: Фејсбук / Сања Сани Гроздановска
Фото: Фејсбук / Сања Сани Гроздановска
Фото: Фејсбук / Сања Сани Гроздановска
Фото: Фејсбук / Сања Сани Гроздановска
Фото: Фејсбук / Сања Сани Гроздановска
Фото: Фејсбук / Сања Сани Гроздановска
Фото: Фејсбук / Сања Сани Гроздановска
Фото: Фејсбук / Сања Сани Гроздановска
Фото: Фејсбук / Сања Сани Гроздановска
Фото: Фејсбук / Сања Сани Гроздановска
Фото: Фејсбук / Сања Сани Гроздановска
Фото: Фејсбук / Сања Сани Гроздановска
Фото: Фејсбук / Сања Сани Гроздановска