Нашата позната убавица ги спакува куферите и замина далеку од Македонија – погледнете како сега ужива за сите пари!
Македонската убавица покажа како се ужива во животот, но и кој најмногу ѝ недостасува.
Манекенката Емилија Розман навистина знае како да го привлече вниманието на публиката. Особено нејзиниот приватен живот е доста интересен за јавноста. Според она што може да се забележи од нејзините објави на социјалните мрежи таа води навистина турбулентен живот.
Една е од ретките македонски јавни личности која отворено зборува за приватниот живот.
Минатата година за неа беше навистина турбулентна.
Имено, Емилија ги изненади сите кога објави дека се вери со момчето Стефан Ангелковски кој го познаваше едвај 24 часа. Тоа беше наистина голем шок за нејзините фанови.
На својот „Фејсбук“ таа сподели фотографија од букет со цвеќиња и го покажа свршеничккиот прстен.
„До месечината и назад! Да, да, да“, напиша таа во описот на објавата.
Под истата се нижеа честитки со желби вечно да им трае љубовта.
Животот е непредвидлив и носи рази ситуации, но кај нашата мисица пресврти се случуваат постојано.
Семејствата на младоженецот и невестата се собраа во една кафеана за да ја одбележат веридбата.
Но, тоа што брзо пламнува, брзо и се гаси.
Тоа се случи и со љубовта на Емилија и Стефан.
По само неколку недели од веридбата, таа во јавноста објави дека повторно е сама.
„Одлуката за самото запросување беше избрзана, нè понедсоа емоциите и се случи. Ќе гледам на ова како на една авантура, а нему му посакувам сè најубаво и се надевам дека ќе ја пронајде вистинската за него“, кажа Емилија по раскинувањето со Стефан.
Таа е доста активна на социјалните мрежи, каде често знае да истакне дека најголема поддршка во животот ѝ е нејзиното семејство.
Прераното заминување од овој свет на нејзиниот татко Дамир мисицата и ден денес премногу ја боли. Сеќавањата останаа вечни, болката не стивнува…
На својот Инстаграм профил сподели нивна заедничка фотографија, а во опис нспиша: „Ангелче мое”.
На одмор во Шпанија
Додека ние смрзнуваме на ниски температури, Емилија си го најде чарето и покажс каде се топли.
Нашата мисица деновиве ги поминува во Шпанија, па не се воздржа и оттаму сподели фотографии. Оваа девојка навистина знае како да ужива во животот.
Фото: Инстаграм / Емилија Розман
Фото: Инстаграм / Емилија Розман
Фото: Инстаграм / Емилија Розман
Фото: Инстаграм / Емилија Розман
Фото: Инстаграм / Емилија Розман
Фото: Инстаграм / Емилија Розман
Фото: Инстаграм / Емилија Розман
Фото: Инстаграм / Емилија Розман
Фото: Инстаграм / Емилија Розман
Фото: Инстаграм / Емилија Розман
Фото: Инстаграм / Емилија Розман
Фото: Инстаграм / Емилија Розман
Фото: Инстаграм / Емилија Розман
Фото: Инстаграм / Емилија Розман
Фото: Инстаграм / Емилија Розман