Нашата позната телевизиска водителка е вистинска домаќинка – погледнете го ова ремек дело
Омилената водителка на постарата генерација покажа и како се снаоѓа во кујната.
Дракче ги покажа своите везени пиперки и ја воодушеви публиката.
Фотографиите собраа над илјада лајкови за само еден ден.
ФОТО: Фејсбук / Драгица Стевковска Дракче
Драгица Стевковска Дракче уште по порвото нејзино појавување на телевизија веднаш ја освои публиката.
Со својата мила насмевка, ведар дух и позитивната енергија Дракче ја засакаа од најмлади до најстари.
ФОТО: Фејсбук / Драгица Стевковска Дракче
Постарата публика и понатаму ја следи на социјалните мрежи, каде таа е активна и често знае да сподели фотографии од своето семејство.
Заедно со сопругот Орце Стевковски со кој е скоро 3 децении во брак, Дракче живее во скопското село Петровец.
ФОТО: Фејсбук / Драгица Стевковска Дракче
Фотографии од нејзииот дом и двор Дракче често споделува на Фејсбук и добива коплименти за тоа ако им е уредено.
Овој пат таа се пофали со своите кулинарски способности.
ФОТО: Фејсбук / Драгица Стевковска Дракче
За претстојната зима таа навезе пиперки и ги покажа на своите следбеници.
„Нижењето пипер не е тешка работа само мала умешност да стојат пиперките на конецот и да се исушат убаво..
И после убаво гравче ,селска тава и макало со пипер и праз .Лелеее“, напиша таа во опис на фотографиите.