Нашата позната пејачка ќе се мажи? Се пофали со вереничкиот прстен, еве како изгледа момчето
Една од нашите најпознати пејачки сподели преубава вест и ги израдува сите на социјалните мрежи
Нашата позната пејачка сподели преубава вест
Пејачката Александра Јанева се пофали на социјалните мрежи дека запросува, а фотографијата што ја објави никого не остави рамнодушен.
Таа објави фотографија направена веднаш по моментот кога саканиот го стави прстенот на нејзината рака.
Александра понесена од емоциите, го гушна и бакна, и тоа на едно посебно место кое што го посетија заедно.
Фото: Инстаграм/ Александра Јанева
„Овој пат вечерта промени сé“, напиша пејачката преку фотографијата по што следуваа бројни честитки.
„Сакам кога се смееме заедно и кога ми пееш раштимани тонови, ама чисти од душа. Кога и двајцата пуштаме солза на тажни филмски сцени, а ти ја криеш низ насмевка плачко мој најсакан“.
Фото: Инстаграм/ Александра Јанева
„Кога сакам да сум ти лута, ама не можам и не знам како повеќе од 5 минути, кога не сакаш да се одлепиш од мене исто колку јас од тебе“.
Фото: Инстаграм/ Александра Јанева
„Се појави на право место, во право време. Јас и ти во нашето време за љубење“ напиша пејачката во коментарот на фотографиите што ги објави на својот профил на социјалните мрежи и ги воодушеви сите.
Фото: Инстаграм/ Александра Јанева
Потсетуваме, момчето ја запроси пејачката на едно од најромантичните места на светот, под Ајфеловата кула, а како изгледаше пејачката во овој момент, погледнете од фотографиите во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Александра Јанева
Инаку, пораката што Александра ја остави врз една од овие фотографии алудира на нејзината последна песна, „Утрото ќе промени се“.
Фото: Инстаграм/ Александра Јанева
Фото: Инстаграм/ Александра Јанева
А како пејачката изгледаше и во своето последно музичко остварување, погледнете и потсетете се во продолжение…